Контакт

Вести

Во Париз масовни протести на Зелените од целиот свет

Објавено пред

Пред завршувањето на Меѓународната конференција за климата COP21 во Париз, во саботата десетици илјади еколошки активисти од целиот свет минаа по улиците на француската престолнина и одржаа масовни протести барајќи запирање на климатските промени.

dobivaj vesti na viber

Активистите од бројни невладини здруженија од целиот свет прво одржаа масовен протестен собир кај Триумфалната капија, а потоа продефилираа по улиците на Париз до Ајфеловата кула, каде беше одржан нов масовен протест.Париз во агенциските извештаи од саботата се опишува како „разбуден зелен град“, зелените активисти и луѓе од сите генерации бараа запирање на климатските промени, климатска и социјална правда, го кренаа гласот против уништувањето на природната околина истакнувајќи транспаренти со барање за напуштање на употребата на фосилните горива и нуклеарната енергија, ни и промени на системот.Уште утрото во саботата илјадници активисти од мрежата здруженија Friends of the Earth во помали групи се распоредија по цел Париз и преку мобилните телефони испраќаат сигнал и на тој начин преку GPS преку целиот град испишаа „Климатска правда и мир“.За време на одржувањето на климатскиот самите на светските политички челници беа организирани неколку протести со учество на десетици активисти од целиот свет, коишто на носителите на одлуките им упатија јасно барање дека е неопходно да се спречат разорните поледици од климатските промени. Тие оценија дека резултатите од париските климатски преговори нема да бидат задоволителни, како и дека кампањата против климатските промени мора и натаму да се води во целиот свет./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

(Фото) Париз во шок: татко си ги фрлил децата од петти кат, па се самоубил

Mаж ги фрлил своите две деца низ прозорецот на стан лоциран на петти кат од зграда во Париз, пред да...

Регион1 час

Земјотрес ја погоди Хрватска: „Како да пукна бомба!“

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ. Eyewitnesses reported shaking in #Croatia...

Свет1 час

(Видео) Хорор во Австралија: три деца загинаа во пожар, таткото намерно ја спречувал полицијата да влезе во куќата

Три деца, меѓу кои и 10-месечно бебе, загинаа во пожар што рано утринава избувна во куќа во близина на Сиднеј,...

Свет1 час

(Видео) Отворени гласачките места за вториот круг од парламентарните избори во Франција

По убедливата победа на Марин Ле Пен во првиот круг минатата недела, каде секој трет гласач го поддржа Националниот митинг...

Свет2 часа

(Видео) Ветришта од 250 километри на час, бранови високи 10 метри: сателитска снимка од катастрофалниот ураган кој пустоши по Карибите

Ураганот беше ураган од 4-та категорија со ветрови од 230 км/ч и уриваше и уништуваше се што му се наоѓаше...

Свет2 часа

(Видео) Украински партизани уништија важна железничка линија на Русија

Украински партизани тврдат дека дигнале во воздух железничка линија во Русија која била користена за транспорт на муниција од Северна...

Економија15 часа

(Фото) Во министерството за финансии се крои ребалансот на буџетот, работата тече и викендов

Се крои ребалансот на буџетот. Во министерството за финансии се работи и викендов без прекин. Се пренаменуваат пари од нереализирани...

Македонија16 часа

(Видео) Македонска делегација предводена од Мицкоски патува за Вашингтон, на НАТО самитот можна е средба и со Мицотакис

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и...

Македонија18 часа

Антикорупциска ќе ги испитува сите именувања на новите директори

Антикорупциската комисија попладнево информира дека будно ги следи директорските смени што во изминатите две недели ги прави новата власт. „Државната...

Економија19 часа

(Видео) Трипуновски: Земјоделските задруги се важни за решавање на проблемот со пласманот на производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствување на панел дискусија во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги....

Македонија19 часа

Почнува силен топлотен бран, Македонија следната недела ќе се „вари“ на плус 40

Се враќа многу топлото време во Македонија. Според последните информации од Управата за хидрометеоролошки работи, највисоката измеренa температурa во 14...

Македонија21 час

Македонија има свои симболи и сите треба да ги почитуваме, рече министерката за образование Јаневска

Државата има свои симболи – химна, знаме, а јас би рекла и заеднички јазик кој треба да биде средство за...

Свет24 часа

Словачкиот премиер: Да ми дозволи здравјето, со задоволство би му се придружил на Орбан во Москва

Словачкиот премиер Роберт Фицо вчера за првпат се појави во јавноста откако беше тешко повреден во обид за атентат. Тој...

Регион1 ден

Истражување: 30 отсто од Бугарите сакаат нивната земја да го напушти НАТО

Неодамнешното истражување на јавното мислење во Бугарија покажа дека 30 отсто од испитаниците гласале за напуштање на НАТО алијансата. Истражувањето,...

Свет1 ден

(Видео) Речиси 5.800 луѓе се евакуирани поради пукањето на брана на езеро во Кина

Во централната кинеска провинција Хунан поради пукањето на браната на езерото Донгтинг и опасноста од поплави се евакуирани околу 5.800...

Македонија1 ден

СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата

„Не станува збор за тоа колку е долга чергата, туку колку покачувањето на минималната плата е приоритет за оваа Влада....

Регион1 ден

Фицо за првпат се појави во јавноста откако беше ранет

Словачкиот премиер Роберт Фицо се појави во јавноста за првпат откако беше ранет во мај годинава. Фицо, кој се опоравува...

Свет1 ден

Бајден: Само Господ може да ме исфрли од претседателската трка

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека никој од него не е поквалификуван да се кандидира на претстојните избори и дека...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче и Зоран Заев се браќа по криминал и корупција

Венко Филипче и Зоран Заев се браќа по криминал и корупција. Беа живи фатени кога во најголемата здравствена криза во...

Македонија1 ден

Левица: 40 проценти од тие што дипломирале, ја напуштиле државата

Македонија се соочува со значителен одлив на високообразовани кадри, што годишно изнесува околу 2500 лица. Според последниот ревизорски извештај на...