Контакт

Вести

Во пожарот во Калифорнија уништени стотина домови

Објавено пред

Пожарникарите во петокот навечер по локално време го ставиле под контрола пожарот во планинската област на јужна Калифорнија поради кој десетици илјади жители беа принудени да побегнат и во кој беа уништени стотина домови, соопштија властите.

dobivaj vesti na viber

Во пожарот на областа 120 километри североисточно од Лос Анџелес, кој избувна во вторникот, изгореле околу 15.000 хектари суво земјиште и грмушки. Огнот уништил 95 семејни куќи и 213 згради, според првичните процени на теренот, изјавил во телефонски разговор за Reuters портпаролот на пожарникарите Лин Сијлијет. Пожарникарите успеале да зауздаат околу 40 отсто од пожарот од петокот навечер, и покрај сувото и жешко време, како и опасниот терен, додал.

Интензивниот пожар кој предизвикува виори од пламен слично на циклоните и натаму претставуваат закана за 34.500 домови и згради, вклучително и зимувалиштето Рајтвуд. Во огнот е уништен и познатиот „Summit Inn“, популарен ресторан на историскиот Route 66 државниот автопат.

„Ужасно е, Лошо чувство е да се види што сé изгоре“, Имавме често пожари и многу инциденти во ова област, но секогаш тоа некако успевавме да го пребродиме, но ова е поинаку. Сé е готово“, рекол 84-годишниот Сесил Стивенс, кој беше сопственик на ресторанот „Summit Inn“ речиси 50 години пред неодамна да го продаде./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Сите вработени во Кочани утре да бидат ослободени од работа, порача Владата

Владата ги задoлжи државните институции, а препорача и до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите...

Македонија2 часа

Притвор за седумте полициски функционери поради издавање на согласност за дискотеката во Кочани

Определен е 30-дневен притвор за седумте службени лица од Штип и Кочани, кои се осомничени за тешки дела против општата...

Македонија3 часа

Палчо си запали цигара откако ја закопавме Вања, ја чистеше лопатата за да прикрие траги, сведочеше Манев

Koга завршивме со закопувањето на Вања, Љупчо Палевски ладнокрвно запали цигара и си го отвори телефонот за да види што...

Македонија4 часа

Во странство се лекуваат стотина млади луѓе по пожарот, уште двајца денес ќе бидат префрлени во Шведска

Министерството за здравство информира за состојбата на пациентите во установите во земјава и странство, согласно воспоставените процедури за известување од...

Македонија4 часа

Полициските функционери кои се приведени дале согласност дека кабарето во Кочани ги исполнува условите за јавен ред и мир без целосна проверка

МВР поднесе кривична пријава против седуммината високи полициски функционери од полицијата во Штип и Кочани за кривично дело „тешки дела...

Македонија6 часа

Клековски: На пациент во Солун му е извршена трансплантација на кожа на рацете, во контакт сме со банка за кожни ткива за да почнат реконструктивни операции

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата рече дека натамошните фази за пациентите...

Македонија7 часа

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе биде утре во Кочани, Штип, Облешево и Скопје

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре. Погребните церемонии, според надлежните, ќе бидат во 11 часот...

Македонија7 часа

Митева: Од 12 контролирани објекти со активна лиценца, до сега кај три е утврдено дека не исполнуваат услови, следува забрана за вршење дејност

Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања. Доказите се јасни: од вчерашната направена контрола на 12 објекти со активна важечка лиценца,...

Македонија8 часа

Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во книгата на жалост: Во солзи и тишина даваме почит за жртвите

Денес, премиерот Христијан Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот...

Македонија9 часа

Побаран нов притвор за несреќата во Кочани: вкупниот број се искачува на 18 лица

Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд доставил предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за...

Македонија10 часа

Добра вест е што поминаа критичните 72 часа и не почина ниеден од преживеаните, 101 пациент се во странство, рече Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари утрово со олеснување извести дека поминале критичните 72 часа за повредените во пожарот во Кочани....

Македонија10 часа

Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје

Трагично загинатиот пејач на групата „ДНК“, Андреј Ѓоргиески ќе биде погребн утре, 20 март на градските гробишта во Бутел. Информацијата...

Македонија11 часа

Краткотраен притвор досега за вкупно 17 лица за пожарот во дискотеката во Кочани

На уште едно лице му е определен краткотраен притвор од 48 часа во врска со трагедијата во Кочани, со што...

Македонија12 часа

Таравари: Eкспертски тим од Министертвото за здравство ќе ги разгледа сите факти за смртта на 32-годишникот од Куманово

„Во овие тажни часови за сите страшна вест ми стигна од Куманово. Животот на еден млад човек беше скратен на...

Македонија12 часа

„Да не се шират дезинформации, бројот на жртви во Кочани е 59“, Владата со повик да не се објавуваат непроверени информации

„Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани и во знак на почит кон загинатите жртви, повредените и...

Свет13 часа

(Видео) Трамп ги објави документите за атентатот на Кенеди

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави материјали поврзани со атентатот на поранешниот претседател Џон Кенеди за да го исполни своето...

Европа14 часа

Градоначалникот на Истанбул под истрага за корупција

Турските власти наредија притвор на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и на околу стотина други лица, меѓу кои и новинари...

Европа14 часа

(Видео) Путин во рекорден рок го прекрши договорот со Трамп за ограничено примирје, објавија Украинците

Русија и Украина рано утринава се обвинија меѓусебно за воздушни напади кои предизвикаа пожари и оштетена инфраструктура само неколку часа...

Регион15 часа

Вучиќ: Ако бил употребен звучен топ, јас повеќе не сум претседател

Српскиот претседател Александар Вучиќ повтори дека неговата земја е изложена на „месеци на терор“ и ги нарече разговорите меѓу лидерите...

Македонија1 ден

(Фотогалерија) Скопје плаче: илјадници граѓани оддадоа почит за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани

Илјадници граѓани на Скопје излегоа за да изразат сочувство и почит за смртта на младите луѓе кои трагично го загубија...