Контакт

Вести

Во САД извршени две смртни казни над силувачи и убијци

Објавено пред

Откако американскиот Врховен суд во четвртокот ја одби жалбата, во петокот над Чарлс Ворнер, осуден за силување и убиство на 11-месечно девојченце, е извршена смртната казна во Оклахома, а речиси истовремено на Флорида е погубен Џон Кормонди кој во 1993 година ги уби банкарот Гери МекАдамс и ја силуваше неговата сопруга. 

dobivaj vesti na viber

Сега 47-годишниот Чарлс Ворнер е осуден во 1997 година за силување и убиство на Адриана Волер, ќеркичката на неговиот цимер Шарон Волер. Требаше да биде погубен во април 2014 година, но неговиот адвокат до Врховниот суд на САД вложи жалба во врска со составот на смртоносната инјекција. Поради тоа беше одложено и погубувањето на 42-годишниот Џон Кормонди.

Имено, повикувајќи се на случајот на погубување на осуденикот Клејтон Локетен адвокатот во жалбата наведе дека поради неисправната процедура на давање на смртоносната инјекција осуденикот се измачувал и извивал од болки на столицата. Тој призор предизвика загриженост поради тајноста на составот на смртоносната инјекција, изјави адвокатот на Ворнер, наведувајќи дека со седативот мидазолам, кој се користи во двете споменати држави, не може да се постигне потребното ниво на несвесност на лицето коешто се егзекутира.

По овој случај во САД повторно се разгореа дебатите за и против смртната казна.

„Подносителот на жалбата сторил стравични злосторства и мора да биде казнет. Меѓутоа, Осмиот амандман (од Уставот на САД) гарантира дека никој не би требало да биде подвргнат на непотребни болки пред смртта“, изјави судијката Сониа Сотомајор., Таа е една од четворицата судии кои одлучуваа по жалбата на Ворнер, а коишто од вкупно девет судии имаа издвоени мислења.

За разлика од Европската унија, и воопшто во најголемиот дел од Европа, каде што нема смртна казна, во САД и натаму се применува погубувањето на осудени злосторници, и тоа во повеќето сојузни држава, со тоа што Врховниот суд од 2005 година го забрани нејзиното извршување врз малолетни лица.

Американците имаа поделено мислење околу извршувањето на смртната казна, а според истражувањето на јавното мнение во САД, 47 отсто од испитаниците го поддржуваат, додека 48 отсто сметаат дека таа треба да се замени со доживотен затвор без право на помилување.

Според извештајот на меѓународната организација за човекови права Amnesty International, во САД бројот на изрекувањето смртни казни е во опаѓање. Така, минатата 2014 година биле извршени 35, што е најниската бројка во последните 20 години. Во истиот период биле изречени 72 смртни пресуди, што исто така е најниската бројка во последните 40 години, па така минатата година беше четвртата по ред во кој оваа бројка беше пониска од 100. Во 2014 година во американските затвори имало вкупно 3.035 осуденици на смрт, а неколку од нив беа прогласени за невини, откако во просек чекале 30 години. Најмногу смртни казни, и тоа 80 отсто, се извршени во три сојузни држави – Мисури, Тексас и Флорида.

Во светот, пак, најмногу смртни казни се извршуваат во Кина, а следуваат Иран, Ирак, Саудиска Арабија…., се наведува во споменатиот извештај на Amnesty International./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност...

Свет51 минута

(Видео) Дански пратеник до Трамп: Почитуван претседателе, слушајте внимателно, oде*ете

Данскиот пратеник во Европскиот парламент, Андерс Вистисен, го привлече вниманието на јавноста откако за време на расправата за Гренланд упати...

Македонија2 часа

Објавено колку Македонци живеат во Германија

Повеќе од 14 милиони странци живеат во Германија, а Украинците станаа втора најголема група странски државјани и наскоро би можеле...

Топ2 часа

Понудил за 100 евра да избрише судска казна од 200 евра: уапсен вработен во Основен суд во Гостивар

Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово...

Македонија4 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно...

Македонија4 часа

Обвинителството да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев за остварување на клановските цели, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле....

Македонија4 часа

Граѓаните поблиску до ЕУ роаминг без дополнителни трошоци, велат од Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) се влезени во владина процедура...

Македонија4 часа

СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“

„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и...

Свет6 часа

(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка

Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската. Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата...

Свет6 часа

(Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да прецизира колку далеку е спремен да оди во својот обид САД да го...

Европа6 часа

(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени

Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона. Според локалните власти, возот Родалиес...

Македонија6 часа

Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ....

Македонија20 часа

Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа – 350.000 евра скриени во ѕидот: детали за падот на судијата

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53)...

Македонија21 час

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“, и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку...

Македонија23 часа

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската...

Македонија23 часа

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција, кај кого беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид...

Македонија23 часа

Се зголемуваат цените на бензините и дизелот

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти...

Македонија1 ден

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје....

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ обвини дека „Алфа“ не е само медиум туку политички проект: „Како и во времето на Груевски, повторно функционира како центар за црни кампањи“

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој...

Свет1 ден

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го...