Вести
Во самоубиствен напад во Авганистан 35 мртви и над 100 ранети

Во самоубиствен напад во Џалалабад во источен Авганистан убиени се најмалку 35 луѓе а повеќе од 100 се ранети, кога напаѓач го активирал експлозивот пред банка во која работници дошле по своите плати, објавија во саботата локалните власти.
„Станува збор за самоубиствен напад’, изјави за агенцијата Pajhwok началникот на полицијата во покраината Нангахар, Фазел Ахмад Шерзад и додал дека се истражува дали имало и втора експлозија во саботата пред банката во главниот град на покраината. Според него, напаѓачот пред банката дошол со мотоцикл и го активирал експлозивот меѓу војниците и цивилите кои чекале исплати.
Истовремено Ахмад Зија Абдулзаи, портпарол на гувернерот на покраината Нангахар за локалните медиуми изјавил дека во саботата во Џалалабад се случила уште една експлозија, и тоа пред џамија, во којашто немало настрадани.
Талибаните веднаш ја отфрлија својата одговорност за нападите. „Станува збор за злосторство. Ние тоа силно го осудуваме“, изјави за Reuters портпаролот на талибанските исламисти Забиула Муџахид.
Од друга страна, Шахидула Шахид, кој се претставил како портпарол на авганистански огранок на џихадистичката Исламската држава, наводно ја преземал одговорноста за експлозиите од саботата во Џалалабад, пренесе авганистанската агенција Khaama.
Нападите во Џалалабад се одиграа само неколку дена откако најмалку 18 авганистански војници беа убиени во напад на талибанските бунтовници врз истурена позиција на војската во североисточната провинција Бадашкан.
Во понеделникот Мисијата на Обединетите нации за помош на Авганистaн (UNAMA) го објави својот извештај кој укажува на пораст на цивилните жртви како резултат на судирите меѓу талибаните и владините сили. Според овој извештај, повеќе од 136 цивили се убиени а над 521 се ранети во првото тримесечје од 2015 година на територијата на цел Авганистан.
Меѓународната коалиција предводена од САД со инвазијата од 2001 година го собори талибанскиот режим на радикалните исламисти кој им даваше засолниште на челниците на меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда, но сепак несигурноста продолжи и во следната деценија.
Борбената мисија на странските сили во Авганистан заврши официјално на 31-ви декември 2014 година. Во моментов, 13.500 странски војници, главно американски, остануваат и натаму во земјата, со задача да даваат логистичка поддршка и обука на авганистанските безбедносни сили./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.