Контакт

Вести

Во сириски Алепо десетици цивилни жртви, ОН ги повикуваат САД и Русија да помогнат

Објавено пред

Најмалку 27 цивили се убиени во средата навечер во воздушен удар на сириските или врз болница и станбена зграда во кварт под контрола на бунтовнички сили во североисточниот град Алепо, а изминатата неколку дена 49 цивили настрадале во ракетирање на бутновничките сили врз населбите кои се под контрола на владините сили, соопшти во четвртокот опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.

dobivaj vesti na viber

Меѓу убиените во болницата „ал Кудс“ во квартот ал-Сукари се болнички пациенти, повеќето стари лица, тројца лекари, стоматолог и единствениот педијатар во квартот. SOHR јави дека нападот го извеле воздушните сили на сириската владина војска.

Државната агенција SANA објави дека во бунтовничките ракетирања од четвртокот утрото на квартовите кои се под контрола на владините загинале уште четворица цивили и уште четворица биле ранети. Според агенцијата, последната седмица во Алепо загинале вкупно 150 лица.

Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура, изрази во четвртокот длабока загриженост од постојаните кршења на прекинот на огнот „коешто одвај се одржува во живот“, откако беше договорен пред два месеца за да можат да започна меѓусириските недиректни преговори во Женева.

„Оттаму, повикувам на руско-американска итна иницијатива на највисоко ниво“, изјави де Мистура оценувајќи дека успесите на мандатите на американскиот претседател Барак Обама и на рускиот Владимир Путин ќе зависи од успехот на заедничката иницијатива која многу добро започна. „Таа мора и добро да заврши“, изјави де Мистура за медиумите.

САД и Русија мора да договорат министерски состанок на големите и на регионалните сили кои ја сочинуваат Меѓународната кризна група за Сирија, додаде де Мистура. Опозициската коалиција Високата комисија за преговори (HNC) се повлече од преговорите во Женева пред една седмица, протестирајќи против засилувањето на судрите и бавната испорака на хуманитарната помош за опколеното населени.

„Како можете да имате содржински разговори ако единствените вести што ги примата се за бомбардирања? Тоа е тешко за мене, а можете да замислите како им е на Сиријците“, запраша де Мистура и најави дека сака да ги продолжи преговорите во мај.

Башар ал-Џафари, шеф на преговарачката делегација на владата на Сирија, изјави во вторникот дека завршениот круг од преговорите бил „корисен и конструктивен“, но не даде никакви сигнали дека владините преговарачи имаат намера да попуштат пред барањата на HNC од власта да се повлече претседателот Башар ал-Асад, Прашањето за неговата политичка иднина е еден од главните услови на опозиција, а владата смета дека за неговата иднина мора да се изјаснат само Сиријците на избори./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Фото) Спасени се двете лица на кои им се преврте чамецот во Мавровското езеро

Спасени се двете лица на кои денеска попладне им се преврте чамецот во водите на Мавровското Езеро, информираат од Центарот...

Македонија3 часа

Мицкоски за големиот протест во Србија: Ја следиме состојбата и не се мешаме во внатрешни работи на други земји

Нормално е да ја следиме состојбата во Србија. Неодговорно би било да не ја следиме состојбата со нашите соседи и...

Македонија5 часа

Над 160 веб-страници за нелегално коцкање ќе бидат забранети, најави Андоновски

Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се седум дена да стапат на сила и да се...

Македонија5 часа

(Видео) Петрушевски: Народот на минималец, а Трендафилов синдикалецот на батерии од СДС и Левица со плата од 75.000 денари

Работниците се револтирани, затоа што додека ги манипулира Слободан Трендафилов, тој и луѓето околу него имаат месечни примања од над...

Македонија6 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка

Заканите на премиерот дека ќе му се случел народ на судството е порака дека тој признава само судство по своја...

Македонија7 часа

(Видео) Стојаноски: Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години

Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години, рече денеска на...

Свет8 часа

(Фото+видео) Голем украински напад врз Русија – соборени 126 дронови

Руските власти денеска соопштија дека пресретнале 126 украински беспилотни летала во текот на ноќта, главно над нивните јужни региони Волгоград...

Регион10 часа

(Фото+видео) Пречекани студентите кои пешачеа до Белград, денеска ќе се одржи голем протест – објавена е мапа на движење

Денеска во Белград се одржува голем студентски протест под слоганот „15 за 15“, а собирот е закажан да започне во...

Македонија11 часа

Времето денеска ќе биде сончево и топло, во понеделник пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен,...

Македонија1 ден

Јахоски оди во притвор, Кривичен ја преиначи првичната одлука

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција,...

Топ1 ден

Работниците копале дупка за шахта и нашле коски во дворот на амбулантата во Илинден

Коски биле најдени за време на ископ на дупка за шахта, во дворот од амбулантата во населбата Илинден. „Амбулантата во...

Македонија1 ден

Подготвителната седница за Законот за јазиците ќе се емитува во живо: „Секој граѓанин ќе гледа и слуша како ја водиме постапката“

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на брифинг со новинарите информираше за одржување на претстојната Подготвителна седница за Законот за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Предупредив дека народот може да се самоорганизира и да протестира, желен е за правда, не правам упад во судската власт

Најавите за протести премиерот Христијан Мицкоски вели дека се предупредување за незадоволството кај народот доколку сами не се повлечат од...

Македонија1 ден

Бугарија испрати јасна политичка порака дека не се посветени на изградбата на Коридорот 8, вели Николоски, кој алармирал во банките за пренамената на средствата

Министерот за транспорт и врски Аленсандар Николоски утрово алармирал во двете банки со кои земјава има потпишано договори за кредит...

Македонија1 ден

Ќе биде потпишан договор со многу моќна европска земја и ќе се мери во милијарди, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, информира дека очекува многу добри вести за македонските граѓани во текот на април...

Свет1 ден

Tрамп: Покварениот Џо Бајден нѐ доведе во вистински хаос со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика својот претходник, Џо Бајден, во објава на социјалните мрежи. „Покварениот Џо Бајден нè внесе...

Македонија1 ден

СДСМ: Министерката Јаневска скучила договор со „Пуцко петрол“ од 40 илјади евра

Продолжуваат партиските преписки за тоа кој, каков договор склучил со „Пуцко Петрол“, чијшто сопственик, Асмир Јахоски, е осомничен во случајот...

Европа1 ден

(Фото) Украинците оставија многу моќно оружје во Курск, Русите објавија фотографии

Кон крајот на минатиот месец, на 25 февруари, елитната руска група за беспилотни летала – Центарот за напредни беспилотни системи...

Македонија1 ден

(Видео) Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, „Пуцко петрол“ успевал за една година да го зголеми приходот 40 проценти

„Откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај...

Македонија1 ден

Левицата предложи 18 месеци платено породилно отсуство: Овој закон ќе ја подобри положбата на мајките и семејството и ќе создаде темели за решавање на најголемите демографски проблеми

„Во време кога Македонија се соочува со сериозна демографска криза, Левица предложи нов закон за 18 месеци платено породилно отсуство,...