Контакт

Вести

Во уривањето на надвозникот во Колката 21 мртов, спасувањето и натаму трае

Објавено пред

При уривањето на недовршениот надвозник чија изградба трае речиси седум години во западниот индиски град Колката (поранешна Калкута) во четвртокот загинале најмалку 21 човек, а повеќе од 150 се повредени, соопшти индиската полиција.

dobivaj vesti na viber

Околу 80 до 100 метри од надвозникот кој е во градба се урнале околу пладне по локално време во многу прометна област во која има многу куќи и продавници во квартот Бурабазар, затрупувајќи многу луѓе и возила.

Спасувачките операции продолжуваат и во текот на ноќта по локално време, а во нив се ангажирани и полицијата и војската, како и силите за итни интервенции.

„Се чини дека паднал еден столб, а потоа се урнал и друг. Сé уште не сме сигурни што точно се случило“, изјавил К.Р: Рао, портпаролот на градежната компанија IVRCL. Надвозникот се гради од 2008 година и градбата веќе пробила неколку рокови за довршување на работите, поради тоа што компанијата западнала во финансиски тешкотии.

Според Рао, најмалку двајца инженери на компанијата се водат како исчезнати, а 30 до 40 нивни работници работат на местото на несреќата. Додал и дека речиси 70 отсто од градежните работи биле изведени досега без никакви пропусти, и оти треба да се испита дали станува збор за техничка грешка или за пропуст во квалитетот.

„Тие што се одговорни, ќе одговараат. Ќе подигнеме тужба против градежниците. Станува збор за многу сериозен инцидент. Меѓутоа, нашиот приоритет е да ги спасиме оние коишто се затрупани под урнатините, да ги згрижиме во болниците настраданите и да им изразиме сочувство на семејствата на жртвите“, изјави за локалните медиуми Мамата Банерџи, премиерот на сојузната индиска држава Западен Бенгал.

Шест единици на државните сили за итни интервенции веднаш пристигнале на местото на несреќата и со градежни дигалки ги отстрануваат остатоците од бетон и челик. Телевизиските снимки покажуваат затрупани делови од тела, популарните двоколки рикши, уништени и изгорени автомобили кои со дигалките се извлекуваат од под урнатините.

„Дваесет и еден човек загина, а околу 70 повредени се примени во двете блиски болници“, во Колката, административен центар на државата Западен Бенгал, изјавил локален функционер за агенцијата Associated Press. Тој не можел да прецизира колку лица се водат како исчезнати. Според локалните медиуми, повеќето имаат повреди на главата и вратот, а некои имаат и изгореници со коишто се здобиле кога се запалиле нивните автомобили, според полицијата.

Во спасувачките напори учествуваат околу 400 војници, меѓу кои и инженери и медицински персонал. Локалните жители формирале човечки штит за да ги задржат љубопитните подалеку од спасувачката операција, се наведува во медиумските извештаи.

„Се урнале неколку тешки блокови. Операцијата ќе потрае“, изјави Кирен Риџиџу, сојузната министерка за внатрешни работи.

„Шокирани сме и тажни пореди уривањето на надвозникот во Колката“, напиша на Twitter премиерот Наренда Моди./крај/мф/сн

Извор: Associated Press



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

27,19 проценти е излезноста на граѓаните до 15 часот во вториот круг од локалните избори, според ДИК

Излезноста на гласачите во вториот круг од локалните избори до 15 часот е 27,19 отсто, според податоците објавени од Државната...

Топ3 часа

МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски: бил пренесен во болница

МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски. Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од...

Топ4 часа

53-годишник почина по тепачка во Стар Дојран

Синоќа во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55)...

Македонија4 часа

(Видео) Во Карпош и Центар најголема излезност до 13 часот, а најмала во Сарај и Чаир, соопшти ДИК

За излезноста на гласачите за Град Скопје до 13 часот процентот на избирачи кои гласале на избирачките места од пристигнатите...

Топ5 часа

Се соблекувал пред малолетнички и ги вознемирувал

31-годишник се соблекувал пред малолетнички информираат од полицијата. Имено, надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 31-годишник...

Свет6 часа

Полицијата ги објави првите детали за напаѓачите од возот во Англија

Две лица сè уште се борат за живот по масовниот напад со нож во воз помеѓу Донкастер и Лондон вчера...

Македонија8 часа

Четири општини останаа без гласање, повторени избори во рок од 60 дена

Денеска нема да се одржи гласање во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, поради недоволна излезеност во...

Свет9 часа

Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако убиствата на христијаните не престанат

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на нигериското раководство со можна воена интервенција, доколку, како што рече, владата продолжи...

Свет10 часа

Сведок за нападот во воз во Англија: Видов човек кој трчаше и ги предупредуваше другите дека е избоден

Полицијата во Кембриџшир соопшти дека вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот откако добиле извештаи за напад во воз во...

Македонија10 часа

Отворени гласачките места, граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и Град Скопје

Денеска во земјава се одржува вториот круг од локалните избори, на кои граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во...

Спорт23 часа

Ракометарите го загубија вториот контролен меч против Јапонија

Ракометната репрезентација на Македонија, во рамките на ЕХФ неделата, одигра два натпревари со Јапонија. Првиот го доби, тој се играше...

Регион23 часа

Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“

Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании,...

Македонија1 ден

Матичарка и службеници ѝ „подариле“ втор идентитет на кумановка, завршија со пријава

Полицијата во Куманово поднесе кривична пријава против четири лица — В.Б. (56), Н.З. (41), Х.Е. (53) и В.П. (67) —...

Топ1 ден

Наставничка од Кавадарци влегла во профилот на колешка и и’ праќала приватни разговори на директорката

Полицијата во Кавадарци поднесе кривична пријава против две жени — наставничка и директорка од основно училиште во градот, под сомнение...

Забава1 ден

Реакции на социјалните мрежи по настапот на Цеца во Велес

Настапот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес предизвика бројни реакции на социјалната мрежа „Икс“ , откако за време на...

Македонија1 ден

(Видео) Цеца нагрна бугарско знаме на концертот во Велес, па објасни: „Секогаш прифаќам знамиња од публиката, немав намера да навредам никого“

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи по скандалот со знамето што се случи синоќа на нејзиниот концерт во Велес. Цеца...

Македонија1 ден

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните на „27 април“, кој беше осуден на 13 години затвор. Од она што...

Македонија1 ден

Обвинение за кражба на кабли од кругот на „Железара“, нанесена штета на јавните инсталации од повеќе стотици илјади евра

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага, денеска поднесе Обвинителен акт против три лица, кои како соизвршители сториле кривично дело...

Регион1 ден

Бугарија воведе забрана за извоз на дизел и керозин поради американските санкции кон Русија

Бугарија привремено забрани извоз на дизел и керозин поради американските санкции воведени против руските енергетски компании. Забраната, која ја усвои...

Свет1 ден

Трамп: Орбан ми побара изземање од санкциите за руската нафта, но не го доби

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал изземање од новите американски санкции насочени кон рускиот нафтен...