Контакт

Вести

Вонредна состојба во Мисури поради расните безредија

Објавено пред

Гувернерот на американската сојузна држава Мисури, Џеј Никсон, прогласи вонредна состојба и воведен полициски час во Фергусон, предградието на Сент Луис, во кое бел полицаец минатата седмица застрела невооружен црн тинејџер што предизвика расно мотивирани протести кои се претворија во безредија.

dobivaj vesti na viber

Полицискиот час, како што објави на прес-конференција гувернерот Никсон, ќе трае од полноќ до 5 часот наутро и ќе биде на сила до завршувањето на безредијата. Гувернерот изјави дека властите „не можат да дозволат грабежи и криминал преку ноќите, дека не може да има престрашени луѓе“ и дека мирот мора да биде воспоставен за правдата да биде задоволена.„Очите на светот се вперени во нас. Ова е тест за заедницата, како за оваа, така и за секоја друга, може ли да се излезе од кругот на стравот, недовербата и насилствата и да бидат заменети со мир, сила и правда“, изјави гувернерот на Мисури.На истрагата за убиството на 18-годишниот Мајкл Браун, афроамериканец кој беше убиен од белиот полицаец Дарен Вилсон, работи и Федералното биро за истраги (FBI). На улиците во Фергусон во саботата излезе и интервентната полиција, за да ги спречи новите безредија.Тензиите во Фергусон, откако претходната ноќ минаа мирно, но се проширија во градот Окленд во сојузната држава Калифорнија, во саботата повторно се разгореа откако полицијата го објави името на полицаецот кој го застрелал тинејџерот, а потоа објави снимки укажуваат дека Браун ограбил продавници пред да се случи инцидентот во кој бил убиен.Според извештаите на американските медиуми, демонстрантите во Фергусон во саботата провалиле во неколку продавници и со шишиња ја гаѓале локалната продавница којашто, според полициската снимка којашто ја објави локалната полиција. На снимката направена извесно време пред убиството се гледа како 18-годишниот Мајкл Браун краде и го малтретира сопственикот на дуќанот.До новите насилни протести доаѓа и покрај повиците на семејството на убиениот тинејџер, на многу познати американски личности од афроамериканската заедница, како и на претседателот Барак Обама, да се стивнат страстите. Семејството на момчето вели дека „Мајкл не бил совршен“, но ја критикуваа полицијата дека со емитувањето на снимката се обидува „да го оправда убиството во стилот на егзекуција“.Полицијата подоцна објави дека полицаецот кој го застрелал тинејџерот не знаел дека Браун е осомничен за грабеж. Според некои претходни информации од полицијата во Фергусон, момчето било застрелано при борба за пиштол со полицаецот при обид тоа да биде внесено во полициско возило.Началникот на полицијата во Фергусон, Томас Џексон, кој инаку е критикуван дека во гратчето со околу дваесет илјади жители од 53 полицајци само тројца се црнци, иако огромно мнозинство од жителите се афроамериканци, изјави дека ја објавил полициската снимка, бидејќи на тоа бил принуден поради многубројните повици од медиуми.Според него, грабежот е изведен без употреба на огнено оружје. На снимката се гледа како продавачот во продавниците е малтретиран од крупен афроамериканец, кој подоцна полицијата го идентификуваше како Мајкл Браун. Тој „земал кутија цигари“ и му ја дал на вториот осомничен, на пријателот Дориан Џонсон, според снимката.Началникот Џексон од убиството даде неколку интервјуа во кои изјави дека Браун ги подигнал рацете во воздух во знак на предавање пред да полицаецот да пука во него. Во петокот беше објавено и името на полицаец, 28-годишниот Дарен Вилсон, кој го убил Браун и кој по интервенцијата бил примен во болница бидејќи се жалел дека е повреден во борбата со тинејџерот поради што имал оток на лицето. Тој работел во полицијата веќе шест години и досега против него немало никакви поплаки. Исто така, беше соопштено дела полицаецот Вилсон бил „шокиран од смртта на 18-годишникот“. Во четвртокот интернет порталот Huffington post објави истражување на јавното мнение во САД, според кое 47 отсто од Американците не веруваат во чесна истрага на ова полициско убиство, додека 39 проценти имаат спротивно мислење. Покрај тоа, 43 отсто од испитаниците изјавиле дека полицијата многу лесно и често прибегнува кон употреба на огнено оруќје, додека со нив не се согласуваат 32 отсто./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде што го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво...

Европа3 часа

Вучиќ сака да продава муниција на Европа, реагира Кремљ: Не сакаме оружјето од братска Србија да биде употребено против нас

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција...

Регион3 часа

(Видео) Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за домот

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари...

Свет4 часа

(Видео) Мамдани: Трамп, знам дека ме гледаш, имам четири збора за тебе

Новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, одржа победнички говор во Бруклин, во кој на остар начин рече дека „градот што...

Европа4 часа

(Видео) Украинците нападнаа база на една од најнапредните руски единици, убиени офицери

Припадници на Главната разузнавачка управа (ХУР) на Украина извршија прецизен напад во окупираниот град Авдиивка во регионот Донецк, уништувајќи го...

Македонија5 часа

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско затворена

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско...

Свет5 часа

(Видео) Зохран Мамдани е избран за градоначалник на Њујорк

Демократот Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. Мамдани...

Регион5 часа

(Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија

Десет лица загинаа во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла. Пожарот се прошири на седмиот...

Регион6 часа

(Видео) Трагедија во Тузла: 10 луѓе загинаа во дом за стари лица

Најмалку десет лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вчера вечер во дом за стари лица во Тузла. Најмалку пет...

Топ15 часа

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен...

Топ15 часа

Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени

Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две...

Топ15 часа

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат. Осомничениот...

Топ16 часа

Обвинителството бара одземање на пасошите и дозволата за возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје

Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри...

Македонија19 часа

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет...

Македонија20 часа

Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос

Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за...

Македонија21 час

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите единствени позиции за Македонија 

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Брисел имал пријателска средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Првата средба ја...

Свет22 часа

Систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на ЕУ; ЕК во страв од тројански коњ на Русија во рамките на Унијата

Европската комисија разгледува воведување систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на Европската Унија, изјави...

Македонија22 часа

Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија...

Македонија23 часа

Ако ДУИ беше опозиција пред десет години, и тогаш ќе го имавме овој изборен резултат, тие немаа можност за злоупотреби, вели Алиу

Граѓаните во нашата земја десет години сакаа промена на политичкиот амбиент и ако ДУИ пред десет години беше опозиција, ќе...

Македонија1 ден

Го тепал со метална шипка, со рацете и со нозете речиси половина час, па го оставил да искрвави на скалите: eден осомничен за убиство во дојранско Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...