Вести
Возејќи во спротивен правец убил пет тинејџери во САД
Возејќи камионет „Тојота“, во спротивен правец на автопат во сојузната американска држава Вермонт, еден 36-годишен Американец, удри во друго возило, при што уби пет тинејџери кои се враќале од концерт.
Според итната служба на полицијата во Америка, на бројот 911 првиот повик бил во 23.43 часот, кога еден возач пријавил дека на автопатот има возило што се движи во спротивен правец. Се нижеле повици, а последниот бил во 23.53 часот, кога јавиле за несреќата.Иако локалната полиција на Вермонт испратила екипи да го спречат лудото возење, сепак до несреќата дошло затоа што младите не можеле да знаат дека некој со огромна брзина иде кон нив од спротивен правец, Тинејџерите се возеле во „Волксваген Јета“, кога „Тојотата“ удрила во нив. Полицаец кој бил пратен да ја спречи несреќата видел што се случило, а бидејќи „Волксвагенот“, пламнал, тој истрчал со противпожарен апарат да го гаси огнот и се обидел да извлече едно од девојчињата. Во тој момент, слушнал како неговото полициско возило, со вклучени сирени и црвено светло заминува од местото на несреќата, а во него бил возачот на „Тојотата“.По пат, тој успеал да удри уште во седум други автомобили, да повреди други петмина, додека конечно не се забил во полициско комбе, поставено како барикада на патот, но претходно се фрлил од полицискиот автомобил.Однесен е во болница со тешки повреди, додека ни еден од тинејџерите кои се возеле во „Волксвагенот“, не преживеал.Според полицијата на Вермонт, невозможно било да се извадат децата од автомобилот во пламен, а пожарникарите кои дошле на местото на несреќата велат дека тоа била најгрозната сцена на кој сведочеле до сега.Според полицијата загинатите тинејџери се Мери Харис 16, Сајрус Зау 16 од Мортаун, Лиам Хејл 16 и Џени Кози 15 од Фејстон и Ели Брукенс 16 од Вотербури.Мажот што е одговорен за нивната смрт и возење во спротивен правец, како и крадење полициско возило и за уште неколку помали сообраќајки во саботата вечерта, е проблематичниот Стивен Бургоин, кого поранешната девојка го пријавила за насилство, дека ја тепал и ѝ се заканувал дека ќе ја турне по скали, како и дека ќе ѝ ја скрши главата. Тој се заканувал и дека ќе ја задави со јаже, а ќе го остави нивното двегодишно дете.Полицијата не соопшти дали додека возел во спротивен правец бил пијан./крај/а/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.