Вести
Врховниот суд на САД ќе одлучува за истополовиот брак во целата земја

Американскиот Врховниот суд најави во петокот дека ќе одлучува дали може лица од ист пол да се венчаваат на територијата на целата земја.
До највисокото правосудно тело во САД се поднесени четири жалби на двојки од ист пол кои сакаат да им се овозможи стапување во брак или да им биде признат веќе нивниот склучен брак, од сојузните држави Охајо, Мичиген, Тенеси и Кентаки, каде што истополовите бракови не се дозволени.
Судот го одобри одржувањето на двоиполчасовната расправа на којашто ќе бидат сослушани аргументите на страните за толкувањето на 14-от амандман од Уставот на САД за бракот меѓу лица од ист пол. Според овој амандман, на сите граѓани мора да им се гарантира еднаква заштита.
На расправата закажана за втората половина од април, девет судии ќе си ги постават двете прашања „Дали 14-от Амандман бара од државата да го одобрат бракот од ист пол?“ и „Дали 14-от Амандман бара од државата да го признае бракот на лица од ист пол, доколку нивниот брак е правосилен и склучен надвор од државата?“, се наведува во соопштението на американскиот Врховен суд.
Врховниот суд уште кон крајот на јуни 2013 година го поништи американскиот закон според кој бракот е заедница меѓу маж и жена. Со тоа всушност им даде сојузни права на пензија, наследување и на даночни олеснувања на сите венчани двојки, како хетеросексуални така и хомосексуални.
По оваа историска одлука, еднополовиот брак стана легален во 36 од 50-те американски сојузни држави и во престолнината Вашингтон. Меѓутоа, забранет е во 14 сојузни држави. Во четири држави кои се жалеа пред Врховниот суд, апелациониот суд првпат одлучи дека хомосексуалниот брак е незаконит./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.