Контакт

Вести

WikiLeaks ги објави советите за агентите на CIA за избегнување гранични контроли

Објавено пред

Разобличувачкиот интернет ресурс WikiLeaks објави инструкции за агентите на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), со помош на кои можеле да ги избегнат безбедносните системи на аеродромите во целиот свет, вклучително и оние во земјите на Европската унија, а притоа се користат лажни пасоши.
 

dobivaj vesti na viber

Разобличувачкиот интернет ресурс WikiLeaks објави инструкции за агентите на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), со помош на кои можеле да ги избегнат безбедносните системи на аеродромите во целиот свет, вклучително и оние во земјите на Европската унија, а притоа се користат лажни пасоши.

 

Според инструкциите издадени во 2011 и 2012 година, агентот не смее да изгледа неуредно кога поседува дипломатски пасош и не смее да плаќа во готовина. Документите имаат ознака на тајност а ја носат и ознаката „NOFORN“ што значи дека не смеат да се споделуваат со тајните служби на сојузничките земји.

Првата инструкција, којашто е датирана од 21-ви септември 2011 година, го дава примерот во ситуација кога е повторно прегледуван багажот на агент на CIA на еден аеродром во земја на ЕУ. Во неговиот багаж се пронајдени експлозивни средства, офицерот од своја страна раскажувајќи ја својата „приказна покритие“ објаснува дека тој учествувал во антитерористичка операција во Вашингтон. Притоа во коментарот WikiLeaks го поставува прашањето дали, бидејќи приказната за операцијата служела само за покритие, тоа значи дека агентот всушност навистина пренесувал експлозив во ЕУ.

Неопходно е да се држи до уверлива приказна, се наведува во упатството. „Агентите на безбедност во една прилика на европски аеродром избрале агент на CIA за да спроведат темелна контрола. Неговиот доста неуреден изглед бил во спротивност со дипломатски пасош кој го поседувал а тоа резултираше со подетална контрола од вообичаената. Проверени се неговите патни торби и се покажало дека се позитивни на експлозив, односно дека содржат траги од експлозив. Агентот убедливо повторувал дека се занимава со антитероризам и можеше да го продолжи патувањето“, се наведува во документот.

„За преживување е исклучително важна убедлива и издржана приказна која овозможува избегнување детални истраги и испитувања“, им советува CIA на своите агенти.

Еден од документите покажува и дека CIA е загрижена и поради воведувањето во Европа на биометриската контрола за лица кои поседуваат американски пасош, што претставува пречка за агентите кога патуваат со фалсификувани пасоши.

Инструкцијата „Општи информации за Шенген“ од јануари 2012 година дава податоци за царинските постапки во Шенгенската зона за безбедноста, кои претставуваат опасност за агент, кој користи лажни документи. Во моментов во Шенгенската зона не се користат биометриски проверки на лицата коишто патуваат со пасош на САД, но сепак, според CIA, воведувањето на таков систем „ќе ја зголеми опасноста (од разоткривање) на личноста“. Според извештајот, таков систем може да биде воведен во 2015 година, како дел од системот EES. Во моментов, загриженоста на CIA ја предизвикува системот VIS, во кој е содржана базата со податоци за отпечатоци од палци. Сето тоа може да ја попречи работата на агентите и нивната пенетрација во земјите на Шенгенската зона, каде преминувањето на граница меѓу две земји не е потребно да се мине царинска контрола.

Се наведуваат низа совети за премин на границите и избегнување на деталните контроли на аеродромите и на граничните премини. Некои се логични, како на пример советот за тоа дека ден пред патувањето со авион еднонасочниот билет да не се плаќа во готовина.

Станува збор за втора серија документи на CIA којашто ја објавува WikiLeaks.

„CIA вршеше киднапирање на луѓе од земјите во ЕУ, меѓу кои од Италија и од Шведска, во времето на администрацијата на (поранешниот американски претседател Џорџ В.) Буш помладиот. Тие инструкции сведочат дек и во време на администрацијата на (актуелниот претседател Барак) Обама, CIA намерно имаат намера да ги минуваат границите на ЕУ и да продолжат со тајни операци во земјите членки на ЕУ“, пишува основачот на ресурсот, Џулијан Асанж.

Австралиецот Џулијан Асанж, веќе две години престојува во амбасадата на Еквадор во Лондон, за да го избегне израчувањето на Шведска каде се бара поради наводно случаи на силување и сексуално злоставување. Асанж стравува дека Шведска веднаш ќе го предаде на САД каде што ќе му биде судено како на лице одговорно за најголемото протекување во јавноста на 500 илјади тајни документи за војните во Авганистан и во Ирак, како и на 250 илјади тајни преписки на американската дипломатија. Исто така, Австралиецот стравува дека може да биде обвинет за шпионажа./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија3 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет5 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет6 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет11 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет15 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет15 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет16 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет16 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет16 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет17 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија17 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет17 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет17 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет21 час

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија22 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет22 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет1 ден

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет1 ден

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија1 ден

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...