Контакт

Вести

WikiLeaks објави податоци за понудата на Катар да донира милион долари за Клинтон

Објавено пред

Организацијата WiiLeaks на својот портал во осмото продолжение од објавувањето на тајната преписка во врска со демократската кандидатка на американските претседателски избори на 8-ми ноември, Хилари Клинтон, објави преписка од соработниците на фондацијата Клинтон од која произлегува дека владата на Катар понудила да му исплати на поранешниот претседател Бил Клинтон милион долари што може да биде „врв на ледениот брег“ од овие разобличувања, коментираше во саботата американската телевизија Fox News.

dobivaj vesti na viber

„Катар сака да се види на пет минути во Њујорк со WJC (иницијали на Вилијам ‘Бил’ Џеферсон Клинтон), за да му го претстават чекот од еден милиони долари, кој Катар го вети на роденденот на WJC во 2011 година“, се наведува во преписката на директорот на одделот за меѓународна соработка во семејната фондација на Клинтонови „Clinton Foundation“, Ами Десаи.

Според податоците на WiiLeaks, писмото е датирано од 2012 година и било адресирано на високорангиран соработник на фондацијата и еден од клучните помошници.

„Можат ли да бидат ваквите откритија ‘врвот на ледениот брег“, запраша во саботата водителката на вестите на Fox News.

„Да, токму така стојат работите, и доколку истекувањето на електронската преписка продолжи, ќе има сé повеќе проблематични писма и нивото на тензиите ќе се зголеми. Најголем број од прашањата од страна на критичарите на Clinton Foundation беа потврдени, и луѓето не преувеличувале кога зборуваа дека таму има трговија со услуги“, изјави Питер Швајцер, која е автор на книгата за Клинтонови во којашто го поставува прашањето за финансиските донации на странски држави за поранешниот претседател Бил Клинтон, како и за поранешната државна секретарка и актуелна кандидатка за Белата куќа, неговата сопруга Хилари Клинтон.

Според него, WikiLeaks досега објавил само 20 отсто од вкупниот обем на преписката, што значи дека „најдобрите остануваат за крајот“. Швајцер истакна дека постои „огромна разлика“ меѓу внатрешните документи за уплати на пари во фондацијата на Клинтонови и јавните информации за сумите коишто ги добивала фондацијата.

Во истата преписка на претставниците на фондацијата, исто така, било кажано дела Катар ќе потроши 20 милиони долари за Хаити и „ќе ги причека предлозите за инвестирање“ во земјата од страна на „Clinton Foundation“, истакнува весникот The Telegraph.

Како што наведува филаделфискиот информативен портал Philly, на страницата на фондацијата е објавена листата на донаторите, без податоците за донациите. Портпарол на фондацијата одбил за порталот да потврди дали ја добиле посочената донација од Катар.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп уште во август ја нарече фондацијата на Клинтонови „најкорумпираната организација во историјата на политиката“/крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихеровата скала бил почувствуван синоќа во Охрид и околината. Според информациите на сеизмолошкиот...

Топ12 часа

Детали за несреќата во Охрид: возачот немал дозвола, поминал преку кружниот тек и на тротoар ја прегазил жртвата

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против две лица за тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот, во...

Македонија13 часа

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, меѓу нив и познати имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија16 часа

Вишиот јавен обвинител казнет, намерно и неоправдано направил крупни професионални грешки

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и...

Македонија16 часа

Ефективен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, Апелација им го укина куќниот

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи и им определи...

Македонија17 часа

Градоначалникот Мерко казнет со 10.000 евра за незаконското назначување на директори

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е проглаен за виновен од страна на судот за несовесно работење во службата поради незаконското назначувањето...

Македонија17 часа

(Видео) Повредените во Кочани ќе добиваат по два чифта компресивна облека на шест месеци и препорачливо е да ја носат две години

На 58 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани веќе им е дадена компресивна облека и носењето ги дава...

Македонија20 часа

Адвокатот побара ослободување на Љупчо Палевски поради недостиг на докази

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски, побара неговиот клиент да биде ослободен од обвиненијата за убиствата на Вања Ѓорчевска...

Македонија20 часа

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија“, вели Кузеска

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пред...

Македонија20 часа

Стопирана изградбата на објектот во охридската чаршија, инвеститорот немал одобрение

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам направи вонредна контрола на објектот во изгрaдба во Старата охридска чаршија, односно во заштитетната...

Македонија21 час

Акиов: Не сум гомнар, туку борец за правда, чашата беше прелеана од советникот Алексов

Советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) преку социјалните мрежи, по насилниот инцидент, порача дека тој...

Топ21 час

Удрил во метален столб, а потоа прегазил пешаци: загина охриѓанка, возачот уапсен

Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“...

Македонија23 часа

„Вчерашното насилство е дел од сценарио што самиот Филипче го има направено пред еден месец во Дубаи на средба со Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов спас и за дефокус на македонската јавност. Инцидентот...

Свет23 часа

Израелскиот министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка...

Свет24 часа

Хезболах објави дека ќе го поддржи Иран: Ќе дејствуваме соодветно

Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека групата со седиште во Либан не е неутрална и дека стои зад...

Свет1 ден

Русија: Убиството на врховниот лидер на Иран би ја отворило Пандорината кутија

Промената на режимот во Иран е „неприфатлива“ и атентатот врз врховниот лидер на земјата „би ја отворил Пандорината кутија“, изјави...

Свет1 ден

(Видео) Иран лансира нов бран ракети кон Израел

Иранската војска испука нов бран ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Нападот доаѓа откако Израел издаде предупредување за евакуација до...

Свет1 ден

Шефицата на дипломатијата на Северна Кореја: Со Русија имаме најсилен, непобедлив сојуз

Министерката за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон-хуи, го поздрави договорот за меѓусебна одбрана меѓу Северна Кореја и Русија...

Свет1 ден

Израелци: Ирански проектил се отвори на висина од 7 км и се распрсна на мали бомби

Иран во неделата испали ракета врз Израел што расфрла мали бомби со цел зголемување на цивилните жртви, соопштија израелската војска...

Свет1 ден

Тајниот нуклеарен објект на Иран што може да го погоди само американска бомба

Во планинска област јужно од Техеран, скриен длабоко под земја, се наоѓа Фордо – објект за збогатување на ураниум кој...