Вести
За мигрантите 2015 година беше најсмртоносната досега
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/african_asylum_seekers_in_boat_5.jpeg)
Повеќе од 3.770 имигранти и бегалци во 2015 година ги загубија животите во обидот да дојдат до богатите земји во Европската унија преку Средоземното Море, со што штотуку изминатата година стана најсмртоносната откако се бележат податоците за лицата коишто бараат спас од конфликтите и сиромаштијата, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграции (IOM).
Повеќето имигранти ги загубиле животите по должината на опасната централна средоземноморска рута која ја користат криумчарите на луѓе од Либија. Најсмртоносниот месец беше април, кога загинале речиси 1.250 имигранти, според податоците на IOM.
Ширум светот во 2015 година загинале 5.350 имигранти, проценува организацијата чиешто седиште е во Женева. За споредба, во 2014 година животите ги загубиле 5.017 имигранти. Во водите на Средоземно Море, поред истите процени, животите ланската година ги загубиле 3.770 луѓе, а претходната 2014-та – 3.270 имигранти.
Рекордниот број луѓе кои загинале настојувајќи да побегнат од конфликтите и актуелната сиромаштија е „шокантен и непростлив“, изјави генералниот директор на IOM, Лејси Свинг.„Трагично е што видовме дека има толку многу луѓе кои чувствувале дека немаат што да сторат освен само да ги напуштат своите татковини и кои ги загубија животите во морето, во пустините или заробени на бродовите за коишто се надеваа дека ќе ги пренесат во сигурен и подобар живот“, изјави Свинг.
Според процените на Обединетите нации, Европа е во центарот на најголемата миграциска криза од Втората светска војна. Бројот на лицата коишто се присилно раселени ширум светот во 2015 година веројатно надминал 60 милиони, а тоа е последица на речиси петгодишната војна во Сирија и на другите долготрајни конфликти, објавија ОН
Во IOM во рамките на својот проект за регистрирање на исчезнатите имигранти користи низа извори, вклучително и медиумските извештаи и податоците од влади, за да го пресмета бројот имигранти кои ги загубиле животите по мигрантските рути ширум светот. Ова е трета година по рад како ги собираат ваквите податоци.
Според нивната оцена, по Средоземното Море, најсмртоносните региони за имигрантите се југоисточна Азија, главно во Бенгалскиот залив, Андаманското Море, Малезија и Тајланд, каде што животите минатата година го загубиле 800 имигранти. Во Мексико и по должината на мексиканско-американската граница, пак, лани загинале најмалку 330 имигранти, според IOM./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.