Вести
За смртта на палестинскиот министер, Могерини бара итна истрага

Висок палестински функционер Зијад Абу Ајин почина во инцидентот со израелски војници во местото Турмус-Аија, северно до Рамала, главниот град на палестинската територија Западен брег (на реката Јордан), по што шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини побара итна и објективна истрага.
Зијад Абу Ајин, кој порано беше министер во Палестинката национална управа за прашањата на Палестинците затворени во израелските затвори, а сега ја водеше комисијата за проблемите со еврејските населби и израелскиот ѕид кој ги раздвојува териториите, според палестинската агенција Maan добил удар со шлем, по што во тешка состојба бил пренесен во болница, каде што починал.
Тој учествувал во средата на протестите против поставување на граничниот ѕид во близина на местото Турмус-Аија, во текот на кои група активисти саделе садници маслинки во близина на еврејска населба. Израелските војници, според очевидци меѓу кои и репортерот на Reuters, истрелале солзавец врз активистите. Абу Ајин, вдишел поголемо количество солзавец, а добил и удар во градите, по што според други извори починал во возило на брзата помош која брзо дошла на местото на инцидентот.
Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, инцидентот го карактеризираше како „варварска смрт на палестинскиот министер Зијад Абу Ајин“. „Ќе ги преземеме неопходните чекори кога ќе ги добиеме истрагите за околностите“, додаде Абас кој прогласи тридневна жалост.
Високата претставничка на Европската унија за надворешна и одбранбена политика, Федерика Могерини, по повод загинувањето на палестинскиот функционер изрази сочувство до неговото семејство и палестинскиот народ и оцени дека овој инцидент претставува „драматичен потсетник за меѓународната заедница за влошување на ситуацијата на теренот“.
„Извештаите за прекумерна употреба на сила од страна на израелските безбедносни сили се многу загрижувачки. Повикувам на итна и независна истрага на смртта на министерот“, рече Могерини.
„додаде дека очекува сте страни ќе покажат максимална воздржаност во овој период, и „ќе избегнат каква и да е акција којашто ќе доведе до зголемување на тензиите“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.