Вести
Западните сили порачаа дека пред Иран стојат тешки одлуки

Големите западни сили се единствени во пристапот кон нуклеарната програма на Иран и ќе отфрлат каков и да е договор кој ј аминува нивната „црвена линија“, изјави во саботата навечер британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд по состанокот со колегите од Франција, Германија и САД.
Пред Иран стојат тешки одлуки за договорите во врска со неговата нуклеарна програма да бидат успешни, изјави шефот на британската дипломатија филип Хамонд кој во Лондон беше домаќин на состанокот на кој уште учествуваа и американскиот државен секретар Џон Кери, и министрите за надворешни работи на Франција и на Германија, Лоен Фабиус односно Франк-Валтер Штајнамер.
„Се согласуваме дека е остварен значителен напредок за клучните прашања, но постојат уште некои важни точки за кои договор не беше можен. Сега е редот на Иран да донесе тешки одлуки“, порача Хамонд во името на своите колеги.
„Нема да склучиме лош договор кој ја минува нашата црвена линија. Секое решение мора да биде целосно, трајно и мора да биде проверливо. Ниедна од нашите земји нема да потпише договор кој нема да ги исполнува тие услови“, се наведува во заедничкото соопштение кое на новинарите им го прочита британскиот дипломат.
Американскиот државен секретар Кери претходно во саботата го истакна „единството“ на западните сили учеснички во поглед на иранската нуклеарна програма по целата седмица маратонски преговори во швајцарскиот град Лозана.
Последните месеци ткн група „пет плус еден“, односно петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција плус Германија, постигна важни напредувања кон конечното решение, нагласи Кери пред заминувањето од Лозана за Лондон.
Преговорите за нуклеарната програма на Иран треба да продолжат на 25-ти март во Лозана, откако во петокот иранската делегација поради празниците се врати во Техеран.
Целта на долгите преговори коишто започнаа есента 2013 година меѓу Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Русија, Кина, Велика Британија Франција плус Германија, е да се постигне постигне договор за главните основи до крајот на март, а деталите да бидат договорени до крајот на јуни годинава.
Во саботата во Лондон треба да се одржи состанок на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција, Германија и САД. Според најавата, ќе го разгледуваат досега постигнатиот напредок во преговорите со Техеран/крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.