Вести
Запленет експлозив и уапсен маж пред геј парадата во Лос Анџелес
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/santa20monika.jpg)
Маж кој превезувал арсенал оружје и експлозиви е уапсен во околината на Лос Анџелес неколку часови пред почетокот на геј прајдот и по масакрот во геј клубот во Орландо, објавија американските власти.
Мажот е уапсен во Санта Моника, на брегот крај Лос Анџелес, во неделата утрото, а поседувал оружје и други опасни материјали, се истакнува во соопштението на полицијата на округот Лос Анџелес.
„Сојузната полиција ја истражува можноста на поврзаност на тоа лице со геј прајдот кој се одржува во Западен Холивуд“, место во агломерацијата на Лос Анџелес, втора по големина во САД, додава Федералното истражно биро (FBI) во соопштението.
Портпаролката на FBI за AFP потврдила дека „се спроведува истрага во врска со апсењето“, во рамките на помошта која ѝ се дава на полицијата на Санта Моника.
Таа не сакала да го коментира инцидентот, но добро информиран извор за агенцијата потврдил дека истрагата е во врска со автомобилот „со експлозивни материјали“.
Локалните медиуми пишуваат дека полицијата во Санта Моника ноќта кон неделата открила автомобил регистриран во сојузната држава Индијана, на северот од САД. Телевизиската мрежа CNN објави дека властите биле предупредени од локални соседи кои пријавиле лице кои „чука по вратите и безделничи“ во нивното соседство.
Осомничениот наводно на припадниците на полицијата им рекол дека дошол во градот за да учествува во Парадата на гордоста, годишен собир на хомосексуалците на кој пред објавувањето на информациите за масакрот во геј клубот во Орландо, каде што според последните информации се убиени 53 луѓе, се очекуваа 400.000 луѓе.
Полицијата на округот Лос Анџелес соопшти дека „доколку е потребно“, е „целосно подготвена“, да одговори на напад сличен на оној што се случи во Орландо, како и дека поради одржувањето на Парадата на гордоста во текот на викендот го зголемила бројот на патролите и полицајците на должност./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.