Контакт

Вести

Зариф исклучи можност за продолжување на нуклеарните преговори, договорот е близу

Објавено пред

Иранскиот министер за надворешни работи и главен преговарач во нуклеарните преговори со шесте светски сили Мохамед Џавад Зариф ја исклучи во неделата навечер можноста да продолжување на преговорите по понеделник, откако во австриската престолнина Виена имаше средба во четири очи со американскиот државен секретар Џон Кери, по што се смета дека се зголемени шансите за постигнување конечен договор.

dobivaj vesti na viber

Шестката светски сили, петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН , САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција плус Германија, со учество на Европската унија и Иран, последните седмици интензивно работат на постигнување на конечен договор за иранската нуклеарна програма. Страните се надеваат дека ќе постигнат договор до зададениот рок, понеделник 13-ти јули, откако беше пречекорен претходнио термин од 30-ти јули.

„Нема да има продолжување на преговорите по утрешниот ден, се надеваме дека ќе завршиме. Ни треба малку повеќе време. “, изјави Зариф во неделата навечер, пренесува Reuters. Претходно шефот на иранската дипломатија изјави дека Техеран и „шестката“ ќе ги продолжат преговорите во Виена во понеделник, и дека страните мора да го финализираат договорот.

Помошниците на Зариф во преговорите, заменикот министер Абас Аракџи и Маџид Такит Раванчи, во неделата одржаа неколку рунди разговори со американскиот државен потсекретар за политички прашања, Венди Шерман и со Роберт Малеј од американскиот Совет за национална безбедност, во врска со текстот на конечниот договор и неговите анекси, пренесува иранската новинска агенција Irna..

„Напорно работиме, но постигнување на договорот ноќва едноставно логистички е невозможен. Тоа е сепак документ од 100 страници“, објави на Twitter Алиреза Мурџусефи, портпарол на иранската делегација во Виена.

Дека преговорите се движат кон критичната точка од склучување на текстот, според аналитичарите, укажува и тоа што рускиот министер за внатрешни работи Сергеј Лавров и неговиот француски колега Лорен Фабиус во неделата допатуваа во Виена.

Фабиус веднаш изрази надеж дека преговорите конечно се приближуваат до финализирање. „Се надевам, навистина се надевам, дека конечно влегуваме во последната фаза од овие маратонски преговори“, рече за AFP шефот на француската дипломатија.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), Јукија Амано, исто така, се врати во неделата австриската престолнина и во хотелот „Palais Coburg“ имаше куса средба со челникот на иранската Организација за атомска енергија, Али Акбар Салехи, но немаше изјави за медиумите.

Шефот на британската дипломатија Филип Хамонд, отпатува во неделата од Виена, но неговото враќање е најавено во раните утрински часови во понеделник.

Главната интенција на договорот е да се зголеми времето коешто на Иран би му било неопходно да збогати доволно ураниум за една атомска бомба за барем една година од сегашните два до три месец, како што проценува Западот, иако Техеран упорно тврди дека нема такви намери. Доколку вака биде склучен договорот, ограничувањата за иранската програма за збогатување на ураниуми би требало да биде на сила најмалку десет години.

Иран и светските сили речиси 18 месеци преговараат за принципиелно едноставните но во деталите извонредно сложени прашања, како да се стави под меѓународна контрола иранската нуклеарна програма во замена за укинување на децениските меѓународни санкции наметнати на Техеран. Западните дипломати истакнаа дека изостанувањето на напредокот во текот на овој викенд би можело да доведе до одлука за суспендирање или прекин на преговорите.

„Речиси 99 отсто од прашањата се решени и договорот е подготвен, Со политичак волја, можеме да ја завршиме работата дозна ноќва и да ги објавиме резултатите утре. Но сé уште постојат најмалку две прашања кои треба да бидат решени“, рекол за Reuters неименуван ирански дипломат.

Двете страни не успеваат да се договорат за точниот редослед и за тајмингот на демонтирањето на нуклеарните постројки и укинување на ембаргото на извоз на иранската нафта, и на меѓународните финансиски трансакции. Прашањето за укинување на ембаргото на ОН за балистичките проектили и конвенционалното оружје особено е спорно. Иран и Русија сака тоа да биде брзо укинато, за да се оствари договорената зделка уште од 2007 година за системите С-300, чие испорачување Москва го суспендираше во 2010 година, додека Западот смета дека Иран би можел да испраќа оружје на своите сојузници на Блискиот исток./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на...

Свет4 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет4 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет4 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет5 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет5 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија18 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија19 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија21 час

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија21 час

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ23 часа

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија23 часа

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет1 ден

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија2 дена

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...