Вести
Зариф тврди дека санкциите за Иран ќе бидат укинати во сабота

Меѓународната санкции за Иран ќе бидат укинати во сабота кога Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) ќе го објави завршниот извештај за контроверзната иранска нуклеарна програма, изјави министерот за надворешни работи Џавад Зариф.
Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф допатува ви Виена во саботата утрото, каде што се очекува IAEA да го објави извештајот потврдувајќи дека Иран целосно ги исполнил обврските во согласност со минатогодишниот нуклеарен договор постигнат со шесте светски сили, исто така, во австриската престолнина.
„Денеска со објавувањето на извештајот на челникот на IAEA ќе се спроведе нуклеарниот договор по што ќе следи заедничка изјава којашто ќе го најави почетокот на спроведувањето на договорот“, изјавил Зариф кого го цитира иранската новинска агенција Irna.
Според Зариф, укинувањето на санкциите е позитивен развој на настаните, како за Иран, така и за целиот Блиски исток. Сепак, „некои луѓе“ се плашат од нуклеарниот договор и ќе продолжат да се противат на него, додава иранскиот министер.
„Денешниот ден ќе биде добар за иранскиот народ, доколку санкциите денеска бидат укината“, изјавил Зариф, според агенцијата Isna.
Според договорот, на денот на исполнувањето, ткн Implementation Day, IAEA треба да потврди дека се почитуваат одредбите од нуклеарниот договор. Истиот ден, треба да бидат отстранети сите санкции против Иран од Советот за безбедност на ОН, и дел од санкциите на ЕУ и САД.
Извештајот, кој судејќи според најавите и по тоа што во Виена се дојдени некои од претставниците на „шестката“ ќе биде објавен, би значело дека е остварен нуклеарниот договор постигнат ланскиот 14-ти јули. Според тој договор, Иран се согласил да го намали својот обем на нуклеарната програма во замена за укинување на повеќето санкции, што ќе му овозможи прилив на инвестиции во износи од милијарди долари.
Зариф во саботата треба да се сретне со американскиот колега Џон Кери, со шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, и со челникот на IAEA, Јукија Амано./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.