Контакт

Вести

Земјотрес со магнитуда 5,8 го погоди крајбрежјето на Индонезија

Објавено пред

Земјотрес со магнитуда 5,8 по Рихтер го погоди крајбрежјето на Индонезија, соопшти во четвртокот вечерта американскиот Геолошки институт (USGS).

dobivaj vesti na viber

Потресот бил регистриран во 20,03 часот по локално време, односно 22,04 по македонско време на 120 километри југозападно од градот Падангсидемппуан. Хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од 24,3 километри, соопшти USGS.

Нема информации за настрадани или материјални штети. Не е објавена, исто така, ниту опасност од цунами.

Индонезија се наоѓа на една од сеизмички најактивните зони на планетата и е дел од таканаречениот Пацифички огнен прстен, моќен тектонски прелом. Во овој дел од светот се наоѓаат најактивните тектонски плочи, од кое едната се движи со брзина од седум сантиметри годишно. Годишно сеизмолозите регистрираат меѓу шест и седум илјади потреси со магнитуда над 4,0.

Во 2004 година северозападниот брег на индонезискиот остров Суматра беше погоден од еден од најсилните земјотреси во светот за последните 40 години. Цунамито предизвикано од потресот однесе стотици илјади животи во 12 земји на Индискиот Океан./крај/мф/сн

 

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Два активни пожари на територијата на Македонија, три се под контрола

Во изминатото деноноќие, до 08:00 часот утрово, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Македонија2 часа

„И официјално е потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и да има одговорност за следењето на јавни личности, на...

Свет3 часа

Фицо: Се гради нов светски поредок

Словачкиот премиер Роберт Фицо ќе одржи билатерални средби со кинескиот претседател Кси Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин на одбележувањето...

Свет3 часа

Мадуро: Поради Америка, се соочуваме со закана каква што не сме виделе 100 години

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги обвини САД дека го загрозуваат суверенитетот на неговата земја со распоредување воени бродови во...

Свет3 часа

(Видео) Путин и Шји во Пекинг: „Нашите односи се на невидено ниво“

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин почнаа билатерални разговори во Пекинг пред големата воена парада во...

Свет4 часа

Ненадејно лизгање на земјиштето во Судан, повеќе од илјада мртви

Најмалку илјада луѓе загинаа во катастрофално лизгање на земјиштето во оддалечените планини Мара во западен Судан, соопшти бунтовничката група Суданско...

Свет4 часа

Белгија: Ќе ја признаеме Палестина, разгледуваме санкции против Израел

Белгија ќе признае палестинска држава на Генералното собрание на ОН, изјави министерот за надворешни работи, Максим Прево, зголемувајќи го меѓународниот...

Свет4 часа

(Фото) Виетнам слави: делат пари, ослободуваат затвореници, организирана голема парада

Виетнам ја одбележа 80-годишнината од својата независност од колонијалната власт со најголемата воена парада во последните децении, масовна парична помош...

Регион14 часа

Кремљ негира вмешаност во инцидентот со ГПС со авионот на Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли тврдењата дека Русија се мешала во услугата на Глобалниот систем за позиционирање (ГПС)...

Македонија14 часа

Мицкоски: АР и АНБ ги користеле државните ресурси и ме прислушкувале, мислејќи дека на тој начин ќе добијат предност кај нивните налогодавци

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање посочи дека во минатото Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ги...

Македонија17 часа

(Видео) Родителите од Демир Хисар на протест побараа бесплатен превоз за учениците: „Нема да престанеме да се бориме“

На првиот училиштен ден,  на патниот правец Демир Хисар – Битола, кај местото Мраморица, се одржа мирен протест со блокада...

Македонија18 часа

Николоски: Доста е од злоупотреби на тајните служби, процесуирање на одговорните е предуслов за демократијата во Македонија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, повика Обвинителството да отвори истрага и да ги процесуира...

Македонија21 час

Муцунски: Благодарение на СДС и ДУИ преговорите со ЕУ не може да бидат блокирани затоа што никогаш и не почнаа

Денес Венко Филипче повторно зборуваше за преговорите со ЕУ, како тие да се блокирани. Но вистината е тажна и едноставна...

Македонија22 часа

Бројот на германски туристи зголемен за 219 отсто, над 23.000 Германци годинава ја посетија Македонија

Во рамките на Museumuferfest во Франкфурт, настан што секоја година ги обединува посетителите од регионот и многубројните туристи од целиот...

Македонија23 часа

Македонија 51. на листата на земји според Глобалниот индекс за мир за 2025

На Глобалниот индекс за мир (GPI) за 2025 година Македонија е на 51. место со резултат од 1,799. Ова, според...

Македонија23 часа

Во август 19.343 сообраќајни прекршоци, уапсени 82 возачи

Во периодот од 01 до 31 август, од вкупно 19.343 издадени платни налози, 6.730 прекршоци се однесуваат на возачи кои...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски: Пред 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денес, по 15 години, зборуваме за учебник за секое дете

По повод почеток на новата учебна година, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски го посети ООУ „Кирил...

Македонија1 ден

Македонија доби 2,3 милиона евра неповратна помош од ЕУ

ЕУ ги ослободи средствата од првата транша за Северна Македонија. На земјата и се исплатени 2.3 милиони евра како неповратна...

Топ1 ден

Уапсен дилер во Скопје, запленети 100 кесички со марихуана

Вчера околу 19 часот на улицата „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Свет1 ден

(Видео) Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан: досега најмалку 622 загинати

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди источен Авганистан ноќеска, при што загинаа најмалку 622 лица, повеќе од 1.500...