Свет
Во централна Италија во неделата регистрирани 200 подземни удари, можни се нови
Околу 200 подземни удари со различна моќност се регистрирани во централна Италија откако во неделата утрото на Апенинскиот полуостров се случи најсилниот земјотрес во последните 36 години, со магнитуда од 6,5 степени по Рихтер, објави Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV).
Според сеизмолозите, 15 од овие потреси биле со магнитуди меѓу 4,0 и 4,6 според Рихтер. Поради тоа научниците сметаат дека сегашниот циклус на висока сеизмичка активност во централниот делна Италија започнала на 24-ти август, кога ова подрачје го погоди земјотрес со магнитуда од 6,0 во кој загинаа 298 луѓе. Вечерта на 26-ти октомври истата област беше погодена до нова серија силни последователни потреси, од кои најмоќниот беше со магнитуда со 5,9 степени.
Земјотресот во неделата е најсилниот во Италија од оној во ноември 1980 година во областа Кампанија, во близина на Неапол, кога загинаа 3.000 луѓе. Земјотресот,пак, кој ноќта на 6-ти април 2009 година го погоди градот Аквила однесе 309 животи, а беше со магнитуда од 5,8. А најмалку 95.000 луѓе загинале во катастрофалниот земјотрес со магнитуда од 7,1 степени во Месинскиот теснец во 1908 година.
Италија е сеизмички многу силна област, особено по должината на планинскиот венец, бидејќи со еден дел се наоѓа на евроазиската а со другиот на африканската тектонска плоча. Научниците ја објаснуваат сегашната сеизмичка активност со еден вид „растегнување“ на Апенинскиот полуостров од исток кон запад, и укажуваат на тоа дека потресите со различна сила, најверојатно, ќе продолжат.
„За жал, не сме во состојба да предвидиме кога и со какви последици ќе се јават други потреси. Меѓутоа, теоретски, не можеме да ја исклучиме можноста дека други земјотреси со иста моќност како и досега, па дури и посилни, ќе се случат во зоната блиска на регионите каде што беа регистрирани овие појави“, изјави во неделата соработникот на INGV, Алберто Микелини.
Според INGV земјотресот што во 7,41 часот во неделата ја погоди централна Италија бил со магнитуда од 6,5 степени по Рихтер, а неговиот епицентар бил на длабочина од 10 километри во близина на градот Норча. По него во текот на 20 минути следеле два подземни удара со магнитуди од 4,6и 4,1 степен.
Тресењето на почвата силно било почувствувано низ цела Италија, вклучително и во престолнината Рим на 132 километри и во Венеција на повеќе од 300 километри од епицентарот. Бројни уривања се регистрирани во четири италијански региони: Марке, Умбрија, Лацио и Абрицо, кои веќе беа погодени од потресите на 24-ти август и на 26-ти октомври годинава.
Според директорот на италијанската служба за Цивилна заштита, Фабрицио Курчо, во неделниот земјотрес биле полесно повредени 20 лица. „На ниедно од нив не му е загрозен животот, нема загинати, ниту исчезнати“, изјави во неделата навечер. Од друга страна, началникот на регионот Марке, Лука Черишиоли изјави дека досега во овој регион помошта им е потребна на околу 100.000 луѓе./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стотици илјади тони какао непродадени во Африка поради високите откупни цени
Брегот на Слоновата Коска би можел до крајот на главната жетва во март да наталожи околу 200.000 тони непродадено какао доколку владата не ги намали откупните цени, тврдат трговци и експерти.
Залихите се зголемија откако владата во октомври утврди откупни цени повисоки од оние на светските пазари. Според трговците, најмалку 100.000 тони од главната жетва не се платени, а до крајот на март би можеле да се додадат уште 100.000 тони ако цените не се коригираат.
Владата на Брегот на Слоновата Коска најави дека ќе купи 100.000 тони непродадено какао за околу 500 милиони долари за да им обезбеди средства на земјоделците, но трговците сметаат дека ќе биде потребно да се откупи и поголемо количество.
Владините претставници, пак, наведуваат дека извозот останува стабилен, со испорачани 1,011 милиони тони до 20 февруари, во споредба со 1,04 милиони тони во истиот период лани.
Гана минатата недела ја намали откупната цена на какаото за речиси една третина, наведува Ројтерс.
Регион
(Видео) Хрватска советничка снимена додека вели: „Овој не е*ел“, тврди дека коментарот не се однесувал на колегата
Седницата на Градското собрание на Загреб ја одбележал испад на независната советничка Дина Доган по говорот на градскиот советник од партијата Можеме, Матко Дујмовиќ. До непримерниот коментар дошло за време на расправата за одржувањето на дворовите на градските градинки и училишта, јавува „Индекс“.
Дујмовиќ во своето излагање зборуваше за улогата на подружницата „Зрињевац“, нагласувајќи дека градските служби често мораат да интервенираат и да ја преземат работата кога приватните изведувачи не ги исполнуваат своите договорни обврски. Тоа, како што рече, особено се случува во вонредни ситуации како невреме. Во тој контекст постави прашање каде се приватните понудувачи кога на терен се појавуваат проблеми.
„Кога ќе се случи некаков стрес во процесот, големи бури, временски непогоди. Знаете ли можеби каде се приватните понудувачи? Бидејќи јас не знам, затоа што не се јавуваат“, рече Дујмовиќ.
Навреда и реакција на социјалните мрежи
По говорот на Дујмовиќ, советничката Дина Доган била снимена како вели: „Пи*ка ти материна. Тој никогаш не е*ел. А ни нема“. Нејзината изјава, како што пишува „Индекс“, била забележана за време на преносот на седницата, а снимката Дујмовиќ ја објави на социјалните мрежи. Тој порача дека смета дека Доган не треба да му се извинува.
„Нема Дина за што да се извинува, овој излив беше искрен и од срце, мене лично и симпатичен, бидејќи покажува колку ја вознемирува и ја исфрла од такт мојата ангажираност околу темата. Она што е важно е сите да ја видиме Дина Доган каква што навистина е – некоја што не се занимава со содржината, туку редовно вперува прст, вика, навредува и малтретира многу луѓе во и околу Градското собрание на Град Загреб. Но нема врска, ние и понатаму ќе зборуваме за квалитетот на услугите што ги нудат градските компании“, напиша Дујмовиќ покрај видеото.
View this post on Instagram
Дина Доган: Ниту еден збор не беше упатен кон колегата
По текстот на „Индекс“, Дина Доган испратила демант:
„По повод медиумските објави и дистрибуцијата на видео-исечок кој се обидува да се прикаже како навреда упатена кон колега советник за време на вчерашната седница на Градското собрание, со ова давам јасен и недвосмислен демант.
Ниту еден збор не беше упатен ниту адресиран кон колегата советник. Станува збор за дел од приватна комуникација во клупа, во сосема друг контекст, надвор од службениот тек на расправата, во момент кога микрофоните беа исклучени или барем имавме основана претпоставка дека се исклучени. Дополнително, содржината што сега се пласира во јавноста воопшто не потекнува од вчерашната седница, што е видливо по облеката што ја носам, туку е извлечена од една од претходните седници и накнадно временски и контекстуално лажно претставена како актуелен настан.
„Ова не е снимка, ова е манипулација“
Во службениот фонетски запис од седницата со која се поврзува оваа содржина не постои изјава што ми се припишува, што потврдува дека не станува збор за нешто изговорено во рамките на расправата.
И покрај тоа, во јавноста се пласира конструкција дека станува збор за навреда изречена со вклучен микрофон и насочена кон конкретен советник, со што се создава неточна и штетна слика по мојот углед. Таквото селективно и временски манипулирано користење на аудио-материјалот отвора и сериозно прашање под какви услови се снимани и користени разговори на советници во клупите кои не се дел од официјалниот тек на седницата.
Во контекст на моето повеќегодишно и аргументирано критичко дејствување кон градската власт, платформата Можеме и градоначалникот, ваквиот начин на пласирање стар приватен материјал како „свеж скандал“ не може да се толкува поинаку освен како политички инструментализиран напад со цел дискредитација. Таквата манипулација со приватната комуникација на советник претставува сериозен удар врз интегритетот и безбедноста на работата во Градското собрание.
Затоа, по правен пат ќе барам утврдување на сите околности околу настанувањето, снимањето и дистрибуцијата на предметната содржина, како и одговорност на оние што временски и контекстуално ја манипулирале и ја пласирале во јавниот простор.
За штетата што е предизвикана со ваквото постапување некој ќе мора да одговара, политички и материјално.
Доколку намерата на ваквите конструкции била обид за мое замолчување преку лични напади и дискредитација, тогаш тоа ги надминува границите на политичкиот разум и легитимната борба. На такви, добро познати репресивни методи не прифаќам и против нив ќе се борам со сите правни и политички средства. Јавноста мора да знае дека овде не станува збор за „снимка“, туку за манипулација.“
Свет
Будимпешта распоредува војска за заштита на енергетскиот систем oд Украина, јави „Ројтерс“
Премиерот на Унгарија Виктор Орбан ја обвини Украина дека планира активности за нарушување на работата на унгарскиот енергетски систем и нареди распоредување воени единици и опрема за заштита на критичната инфраструктура.
Ова го пренесе Ројтерс, наведувајќи дека одлуката дополнително го заострува спорот меѓу Будимпешта и Киев околу прекинот на испораките преку нафтоводот „Дружба“.
Орбан рече дека прекинот на нафтоводот Дружба е од „политички, а не технички причини“, а унгарските разузнавачки служби укажуваат на ризик од нови напади врз енергетскиот систем на земјата. Во видео објавено на Фејсбук, тој рече дека наредил зголемена безбедност на клучните енергетски објекти, вклучително и со распоредување воен персонал и опрема во близина на стратешка инфраструктура.
Унгарија и Словачка го обвинија Киев за продолжено прекинување на снабдувањето со руска нафта до нивните рафинерии. Украина претходно изјави дека прекинот е резултат на руски напад со беспилотно летало врз опремата што го опслужува цевководот во западниот дел од земјата. Спорот дополнително ги комплицира односите меѓу Будимпешта и Киев во услови на тековната војна и енергетската зависност на некои земји од Централна Европа.

