Свет
(видео) Австралија го отфрли барањето на Нов Зеланд за прекин на депортацијата на осудените криминалци
Австралија нема намера да ја спречи депортацијата на осудените криминалци од Нов Зеланд во нивната татковина и покрај личната молба од премиерот на Нов Зеланд, Хасинда Ардерн, за ставање крај на праксата, пренесува „Брејтбарт“.
Австралија во 2014 година воведе задолжителна депортација за сите странски државјани кои добиле затворски казни во траење од 12 месеци или повеќе, а најзасегнат е австралискиот сосед Нов Зеланд.
Речиси 1.500 Новозеланѓани се опфатени со новите мерки – речиси половина од вкупно 4.000 – а Велингтон изрази загриженост дека некои од депортираните пораснале во Австралија и немаат никакви врски со Нов Зеланд.
Австралискиот министер за внатрешни работи, Питер Датон, негира дека се издвојуваат Новозеланѓаните објаснувајќи дека политиката е универзална и дека нема да се промени.
„Ако дојдете како граѓанин на Нов Зеланд, или како Британец, или од каде и да потекнувате, вашата земја на потекло е местото каде што се враќате ако сте извршиле кривично дело“, изјави тој за „Ченел 9“.
Датон рече дека неговата влада е решена да се заземе за сите Австралијци.
„Кога имаме австралиски државјани кои се жртви во одредени околности во кои луѓе сексуално ги напаѓаат децата, на пример, вложуваме голем напор да ги депортираме тие педофили“, рече тој.
Забелешките на Датон следуваа кога Ардерн изрази загриженост за политиката пред состанокот во петокот со австралискиот колега Скот Морисон во Мелбурн, пренесува „Еј-би-си њуз“.
Нов Зеланд и Австралија им нудат автоматски права за престој на државјаните на соседот и речиси 700.000 Новозеланѓани ја користат предноста на посилната економија на нивниот сосед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.