Свет
(Видео) Ерменци упаднаа во владината зграда бесни поради договорот со Азербејџан

Незадоволни граѓани на Ереван упаднаа синоќа во зградата на ерменската влада бидејќи ерменскиот премиер, Никол Пашинијан, соопшти дека со лидерот на Азербејџан, Илхам Алиев, и рускиот претседател, Владимир Путин, потпишал декларација за прекин на војната во Нагорно-Карабах.
? | Demonstrations against #Armenia|n PM Pashinyan in #Yerevan after his signing of a ceasefire deal with #Azerbaijan on #Karabakh.pic.twitter.com/Ys7ON4IQe1
— EHA News (@eha_news) November 9, 2020
„Донесов тешка, исклучително тешка одлука за мене лично и за сите нас. Потпишав декларација со претседателите на Русија и Азербејџан за прекин на војната со почеток од 1 часот по полноќ“, напиша Пашинијан на „Фејсбук“.
Тој наведува дека дека за него и за ерменскиот народ декларацијата е исклучително болна, но додаде дека одлуката ја донел врз основа на темелна анализа на воената состојба и врз основа на процена на луѓето што најдобро разбираат што се случува на теренот.
Ерменија и Азербејџан од крајот на септември се борат за Нагорно-Карабах, планински регион во Азербејџан со мнозинско ерменско население.
The Prime Minister of Armenia signed an agreement to end the war with Azerbaijan, in response protestors in Yerevan, Armenia have broken into a government building and are demanding the Prime Minister leaves#Armenia pic.twitter.com/fwc3iYKJIT
— CNW (@ConflictsW) November 9, 2020
Незадоволните граѓани го пробија кордонот на безбедносните сили и влегоа во зградата на ерменската влада.
„Тасс“ јави дека агресивните демонстранти ја кршат влезната врата од владиниот кабинет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.
Свет
Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад врз Киев, меѓу оние кои починаа има и дете

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот град Киев за време на голем руски напад врз земјата во текот на ноќта.
„Според ажурираните податоци, досега 13 лица се повредени (вклучувајќи едно дете) и четворица починаа (вклучувајќи едно дете) како резултат на нападот врз Киев“, изјави Тимур Ткаченко, началник на Воената администрација на градот Киев, на Телеграм.
Ткаченко додаде дека е предизвикана штета на неколку станбени и нестанбени згради во областите Дарницки, Свјатошински, Соломијански, Холосиевски и Днепровски, вклучувајќи го и кардиолошкиот институт. Гувернерот на регионот Киев, Микола Калашник, изјави дека најмалку 28 лица, меѓу кои и три деца, се повредени во регионот околу главниот град.
„Четири лица се хоспитализирани во регионалните болници, тројца возрасни и едно дете. Сите се хоспитализирани во умерено сериозна состојба“, додаде Калашник.
Украинските воздухопловни сили тврдат дека воздушната одбрана соборила 568 од 595 дронови, како и 43 од 48 различни видови ракети лансирани од Русија преку ноќ, а главна цел бил Киев.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди западна Турција

Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди денеска западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил во 12:59 часот по локално време и бил на длабочина од девет километри, според податоците објавени на веб-страницата на ЕМСЦ.
Според податоците од Турската дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), епицентарот на земјотресот бил во областа на градот Симав во округот Ќутахија.
Земјотресот, кој бил почувствуван и во соседните области, бил на длабочина од 8,4 километри, соопшти AФАД.