Свет
(Видео) Кина: Нашите астронаути завршија деветчасовна прошетка во вселената, го соборија рекордот од 2001 година
Кина соопшти дека двајца нејзини астронаути завршија деветчасовна вселенска прошетка во вторникот надминувајќи го американскиот рекорд за најдолга вселенска прошетка во светот поставен во 2001 година. Настанот ја претставува новата пресвртница во амбициозната вселенска програма на Кина.
Каи Ксуже и Сонг Лингдонг, членови на екипажот на вселенскиот лет Шенжоу-19, завршија деветчасовна активност надвор од леталото, позната како вселенска прошетка, нешто пред 22 часот по пекингшко време, објави Кинеската вселенска агенција.
On Dec 17 at 1:57 PM UTC, the Shenzhou-19 astronauts Cai Xuzhe, Song Lingdong, and Wang Haoze successfully completed a 9-hour spacewalk, achieving multiple tasks through close cooperation at Tiangong Space Station. Full HD:https://t.co/KiS1Qsc5Hz pic.twitter.com/qNkV6S6IlW
— CNSA Watcher (@CNSAWatcher) December 18, 2024
Претходниот рекорд од 8 часа и 56 минути беше поставен од американските астронаути Џејмс Вос и Сузан Хелмс на 12 март 2001 година, според НАСА. Кина направи значителни напори да се етаблира како главен играч во вселената – домен што земјите, вклучително и Соединетите Американски Држави, сè повеќе го истражуваат не само за научна корист туку и за ресурси и национална безбедност.
Кинеската Национална вселенска администрација спроведе серија посложени роботски лунарни мисии во последните години вклучувајќи го и првото враќање примероци од Месечината од далечната страна на Месечината претходно оваа година. Таа исто така се обидува да стане втората земја по САД што ќе испрати луѓе на Месечината, а претстави и специјално дизајниран вселенски костим за мисијата, која се очекува да се оствари до 2030 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Најмалку 32 деца загинаа во стампедо во Нигерија
Најмалку 32 деца загинаа за време на стампедо на карневал во југозападната нигериска држава Ојо, соопштија официјални лица, јавува Анадолија.
Инцидентот се случи вчера во исламското средно училиште Башорун во главниот град на државата, Ибадан.
Xmas giveaway turns tragic in Ibadan due to stampede. Not less than 5 children hss been confirmed dead and several injured.
May the soul of the departed rest in peace and may God give the family the fortitude to bear the loss. pic.twitter.com/qurQtxEG7g
— 𝐌𝐚𝐧𝐱 𝐂𝐥𝐨𝐭𝐡𝐢𝐧𝐠 | 𝐃𝐚𝐭𝐚𝐂𝐢𝐭𝐲 (@mfclothingceo) December 18, 2024
Портпаролот Дотун Ојелиса им потврди на новинарите дека загинале 32 лица, додавајќи дека бројот може да се промени по целосниот полициски извештај.
Портпаролот на полицијата на државата Ојо, Адевал Осифесо, рече дека истрагата е во тек за да се утврди точниот број на жртви.
Анадолија дознава дека карневалот го организирала невладината организација Жени на кои им треба водство и поддршка, а полицијата ја испрашува основачката на организацијата Наоми Силекунола.
Омолева Азиз, која била на местото на настанот со својот седумгодишен син, изјавила за Анадолу дека пристигнала во 6 часот наутро додека толпата се обидувала да влезе во просториите на карневалот. Според неа, немало доволно луѓе за обезбедување.
„Многумина паднаа и беа прегазени, додека други се онесвестија“, рече таа.
Организаторите најавија храна и подароци за 5.000 деца, но околу 8.000 се појавија во средата во 5 часот наутро.
Регион
„Видов жена од која беше отстранет 23 тони бетон“: Дачиќ за деталите на железничката станица во Нови Сад
Зборувајќи за трагедијата во Нови Сад, министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ истакна дека ваквите истраги се многу комплицирани.
Ова, додаде, е начин да се покаже која е причината за трагедијата.
– Едно е што е причината по стручното вештачење, а друго е кој згрешил“, додаде министерот.
– Овие процеси траат долго. Кога порано се случуваа трагедии, немаше протести. Од првиот момент беше јасно дека последиците ќе бидат тешки. Повредите биле толку тешки што преживеале само две лица. Видов жена чија глава единствено беше подвижна, а од неа отстранија 23 тони бетон“, вели Дачиќ.
Свет
Французинот кој донел 50 мажи да ја силуваат сопругата е прогласен за виновен
Во судот во Авињон, Франција, заврши судењето на Доминик Пелико (72) и на педесет други обвинети за силување на неговата сопруга Жизел Пелико. Доминик е прогласен за виновен по сите точки од обвинението. Тој е осуден на 20 години затвор, што е максимална казна за делото што го направил.
Судијата ги читаше пресудите и за останатите обвинети, а досега над 40 лица се прогласени за виновни. Никој не беше прогласен за невин.
Најмладиот обвинет сега има 27 години, додека најстариот 74. Сите мажи на кои им се суди во Авињон живееле во радиус од 50 километри од домот на семејството Пелико.
Жизел пред судницата беше пречекана од стотина луѓе со аплаузи и овации, а на судењето присуствуваа нејзините деца Давид, Флоријан и Каролина.
Медиумите потсетуваат дека Пелико редовно учествувал на форум наречен „без нејзино знаење“ на страницата Coco.fr, кој содржеше бројни виртуелни простории за разговор во кои се величи сексуалното насилство. Таму најмил десетици мажи да ја силуваат неговата сопруга речиси десет години.
Дури откако Доминик беше уапсен во блискиот супермаркет во септември 2020 година, откако беше фатен како фотографира долна облека под женско здолниште, беше откриена неговата криминална мрежа. За тоа дело доби условна затворска казна од осум месеци.
Додека го истражувала случајот, полицијата му ги запленила лаптопот и мобилните телефони и пронашла стотици слики и видеа од силувањето на неговата сопруга, отворајќи еден од најшокантните случаи на сексуален криминал во модерната француска историја.
Жизел Пелико, која се разведе од сопругот, рече дека мажите „ја третирале како кукла од парталi“.
„Не ми кажувајте за сцените со секс. Тоа се сцени со силување“, рече таа.