Свет
(Видео) Најмалку 16 лица загинаа, а 123 се повредени во авионот кој се преполови во Индија
Најмалку 16 лица загинаа, а 123 повредени во авионската несреќа на „Ер Индија експрес“ што излета од пистата и се преполови за време на слетувањето на силниот дожд во Индија. Во авионот кој полетал од Дубаи имало 190 патници.
Претставникот на полицијата Абдул Карим изјави дека еден од пилотите е меѓу загинатите и дека 15 од повредените се во критична состојба. Портпаролот на Министерството за цивилно воздухопловство, Раџив Џаин изјави дека не избувнал пожар по слетувањето на Боингот 737.
Kerala: An Air India Express plane skidded during landing at Karipur Airport, Kozhikode. More details awaited. pic.twitter.com/TxrQEzxPDV
— ANI (@ANI) August 7, 2020
Со овој лет се враќале индиските државјани во земјата. Редовните комерцијални летови се суспендирани во Индија поради епидемијата на коронавирусот.
Visuals from the #AirIndia crash site in Calicut. Let’s pray for the victims. pic.twitter.com/g9Ke77by1G
— #Stay_Home #Stay_Safe (@imAnkeshanand) August 7, 2020
Џаин изјави дека во авионот имало 174 полнолетни патници, 10 деца, двајца пилоти и четворица членови на екипажот.
Амитаб Кант, шеф на владината комисија за планирање, рече дека пистата се наоѓала на еден рид со длабоки засеци од двете страни, што го отежнува слетувањето.
Air India plane with 191 passengers skids off runway in Calicut. More details awaited. #calicut#karipur pic.twitter.com/Py1SlcEyGf
— #Stay_Home #Stay_Safe (@imAnkeshanand) August 7, 2020
„Инцидентот се случил поради силниот дожд и слабата видливост, ова е навистина ужасно“, рече тој за НДТВ.
Ер Индија експрес е подружница на Ер Индија.
Индискиот премиер Нарендра Моди напиша во порака на Твитер дека е тешко погоден од авионска несреќа во Кохикодеу и дека разговарал со шефот на државата Керала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.