Свет
(Видео) „Ова е оперативниот центар на Хамас“: Израелците објавија снимка што пронашле од болницата „Ал Шифа“
Израелската армија тврди дека пронашла оружје и воена опрема на Хамас во болницата Ал Шифа“ во Појасот Газа за време на вчерашниот претрес, а Хамас вели дека ова е лага.
Израелската војска објави видео за кое вели дека покажува дел од оружјето и опремата собрани во зграда во голем болнички комплекс вклучувајќи автоматско оружје, гранати, муниција и панцири.
Our forces found weapons, technological equipment and Hamas’ operational command center in the MRI building of the Shifa Hospital in Gaza.
Yes you heard that right, in the MRI building of the hospital. pic.twitter.com/xnASrfnbhh
— Israel ישראל 🇮🇱 (@Israel) November 15, 2023
Хамас, кој се бори против израелските сили во Газа, го отфрли како „лаги и евтина пропаганда“.
Војската ги фокусира своите операции на болниците во северниот дел на Појасот Газа откако долго го обвинуваше Хамас дека поставил големи командни и контролни центри под медицинските установи во обид да избегне воздушни напади.
„Она што беше пронајдено во болницата ‘Ал Шифа, исто како и во болницата Рантиса, докажува дека болниците се користат за воени цели, за терор, директно кршење на меѓународното право“, изјави портпаролот на израелската војска, Даниел Хагари.
Беше објавено и видео на кое се гледа портпаролот на ИДФ, Џонатан Конрикус, како ги прикажува безбедносните камери, за кои тврди дека се покриени, и оружјето, за кое рече дека е „АК47“, скриено зад скенер за магнетна резонанција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) 6.000 затвореници избегале од затворот во Мозамбик за време на протестите во Мапуто
Најмалку 6.000 затвореници избегале од затворот во главниот град Мапуто, при што 33 се убиени, а 15 ранети во судири со стражарите. Меѓу избеганите има и 29 осудени терористи, што ги зголемува загриженоста и напорите на властите за враќање на редот.
На социјалните мрежи се појавија видеа од бегството, а полицијата упати повик за предавање и соработка од јавноста.
Најмалку 6.000 затвореници избегале од Централниот затвор во Мапуто, главниот град на Мозамбик, каде што има ескалација на немирите, соопшти полицијата.
Регион
Тројца членови на семејство, меѓу кои и дете, пронајдени мртви во нивниот дом во Босна
Трoјца луѓе починале синоќа во селото Теочак кај Тузла во Босна и Херцеговина, како последица од труење со јаглерод моноксид. Истражителите се сомневаат дека смртоносниот гас потекнал од генератор на нафта кој семејството го користело за производство на струја.
Според неофицијални информации починале тројца луѓе, сите членови на едно семејство, а меѓу нив е и едно дете. Според информациите, починатите ги пронашол локалниот оџа. Од полицијата велат дека добиле дојава и испратиле екипи на терен, но дека и натаму немаат потврда за оваа информација.
Неофицијално се дознава дека трагедијата се случила синоќа, а починатите биле пронајдени денеска.
Свет
Перу прогласи вонредна состојба по излевањето на нафта на северот на земјата
Владата на Перу денеска прогласи еколошка вонредна состојба во северниот крајбрежен регион, каде што државната нафтена компанија Петроперу минатиот викенд истури пратка сурова нафта во околните води на Тихиот Океан.
Брод кој изведуваше маневри предизвика излевање на нафта во саботата на терминалот на перуанската рафинерија Талара во северниот дел на Перу, објави Ројтерс.
Нема информација колку сурова нафта се излеа во морето, но чуварот на животната средина на Перу, ОЕФА, во прелиминарниот извештај рече дека излевањето погодило околу 10.000 квадратни метри површинска морска вода, а Министерството за животна средина соопшти дека погодило најмалку седум плажи како и локалниот див свет.