Свет
(Видео) Прва снимка од болницата „Ал Шифа“ во Газа
Видеата што кружат на социјалните мрежи ги покажуваат внатрешноста на болницата „Ал Шифа“ и израелските сили внатре. Снимките ги пренесоа медиумите на арапски јазик.
Where is the conscience of the world..?!!
The deadly terrorist Israeli army stormed Al-Shifa Hospital and opened fire randomly inside the hospitalSave Al-Quds Hospital
Save Al-Shifa Hospital#أنقذوا_مستشفى_الشفاء pic.twitter.com/X3xqfp0Dj2— Faten Abd El_Rahman (@FatenAb16089994) November 15, 2023
Израелската армија објави дека влегла во комплексот „Ал Шифа“, најголемата болница во Газа, повикувајќи ги милитантите на Хамас да се предадат.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека „врз основа на разузнавачките и оперативните потреби“ спроведуваат „прецизна и насочена операција против Хамас во одредени области на болницата ‘Ал Шифа’“.
Израелската армија сѐ уште не најде никакви индикации дека заложниците се во болницата „Ал Шифа“, според Израелското радио. Како што беше кажано, претресите во комплексот продолжуваат, јавува Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) 6.000 затвореници избегале од затворот во Мозамбик за време на протестите во Мапуто
Најмалку 6.000 затвореници избегале од затворот во главниот град Мапуто, при што 33 се убиени, а 15 ранети во судири со стражарите. Меѓу избеганите има и 29 осудени терористи, што ги зголемува загриженоста и напорите на властите за враќање на редот.
На социјалните мрежи се појавија видеа од бегството, а полицијата упати повик за предавање и соработка од јавноста.
Најмалку 6.000 затвореници избегале од Централниот затвор во Мапуто, главниот град на Мозамбик, каде што има ескалација на немирите, соопшти полицијата.
Регион
Тројца членови на семејство, меѓу кои и дете, пронајдени мртви во нивниот дом во Босна
Трoјца луѓе починале синоќа во селото Теочак кај Тузла во Босна и Херцеговина, како последица од труење со јаглерод моноксид. Истражителите се сомневаат дека смртоносниот гас потекнал од генератор на нафта кој семејството го користело за производство на струја.
Според неофицијални информации починале тројца луѓе, сите членови на едно семејство, а меѓу нив е и едно дете. Според информациите, починатите ги пронашол локалниот оџа. Од полицијата велат дека добиле дојава и испратиле екипи на терен, но дека и натаму немаат потврда за оваа информација.
Неофицијално се дознава дека трагедијата се случила синоќа, а починатите биле пронајдени денеска.
Свет
Перу прогласи вонредна состојба по излевањето на нафта на северот на земјата
Владата на Перу денеска прогласи еколошка вонредна состојба во северниот крајбрежен регион, каде што државната нафтена компанија Петроперу минатиот викенд истури пратка сурова нафта во околните води на Тихиот Океан.
Брод кој изведуваше маневри предизвика излевање на нафта во саботата на терминалот на перуанската рафинерија Талара во северниот дел на Перу, објави Ројтерс.
Нема информација колку сурова нафта се излеа во морето, но чуварот на животната средина на Перу, ОЕФА, во прелиминарниот извештај рече дека излевањето погодило околу 10.000 квадратни метри површинска морска вода, а Министерството за животна средина соопшти дека погодило најмалку седум плажи како и локалниот див свет.