Европа
Во Германија рекорден број починати за 24 часа

Во Германија повеќе од еден милион луѓе се заразени од почетокот на пандемијата, а дневниот биланс на смртни случаи достигна рекордна бројка од 426, според податоците на Институтот „Роберт Кох“ објавени денеска.
Бројките покажуваат дека Германија во најдобар случај го задржува стабилен боројот на нови инфекции, но дека тоа не е доволно за да се ублажат мерките и да се елиминира ризикот од пренатрупани болници.
Бројот на потврдени случаи на коронавирус се зголеми за 22.806, на 1.006.394. Бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот за 24 часа се зголеми за рекордни 426, на вкупно 15.586.
Баровите, рестораните, театрите и фитнес-салите се затворени, но училиштата и продавниците остануваат отворени. Од 1 декември приватните собири ќе бидат ограничени на пет лица од сегашните 10.
За време на Божик тој број повторно ќе се искачи на 10 лица во повеќето сојузни покраини, а во тоа нема да се вбројуваат децата на возраст под 14 години, иако семејствата се повикуваат да избегнуваат социјален контакт една недела пред посетата.
Главниот град Берлин, еден од најтешко погодените во Германија, соопшти дека нема да ги намали ограничувањата за време на божикните празници.
Германската канцеларка, Ангела Меркел, ги повика граѓаните да останат трпеливи поради ограничувањата што се во сила со цел да се забави ширењето на коронавирусот проценувајќи дека светлото на крајот од тунелот ќе пристигне заедно со вакцините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“