Европа
Во Италија нов рекорд на починати во еден ден
Во Италија денеска е забележан апсолутен рекорд во дневната бројка на смртни случаи од Ковид-19. Во изминатите 24 часа починале 993 лица, што е највисок број од почетокот на пандемијата во оваа земја, која беше силно погодена и пролетва.
Бројот на починати во еден ден го надмина и црниот 27 март кога имаше 919 смртни случаи.
Што се однесува до бројот на заразени, евидентирани се 23.225 нови случаи од 226.729 тестирани, а вчера имаше 20.709 на 207.143 теста. Во средата во Италија имаше 684 смртни случаи.
Помал е бројот на хоспитализирани на одделенијата за интензивна нега и во другите капацитети. Денеска во италијанските болници се евидентирани 31.722 пациенти, 682 помалку од еден ден претходно, а 3.597 заразени се на одделенијата за интензивна нега.
Италија беше првата западна земја што беше сериозно погодена од пандемијата, а од почетокот на ширењето на Ковид-19 во февруари, 58.038 луѓе починле во како резултат на инфекцијата, што е највисока бројка во Европа по онаа во Велика Британија. Досега регистрирани се вкупно 1.665.000 случаи на инфекција со коронавирус.
Кога вториот бран на епидемијата нагло се забрза во Италија во првата половина на ноември, бројот на хоспитализирани се зголеми на речиси 1.000 на ден, а бројот на пациенти на одделенијата за интензивна нега на приближно сто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината
Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од кој полетал.
Како што може да се види на платформата „Флајт радар“, авионот се свртел во близина на Исланд и се вратил во Истанбул.
Turkish Airlines flight #TK203 made a U-turn north of Iceland and is returning to Istanbul.
The reason is currently unknown. pic.twitter.com/eMpwV2qKRD
— Flightradar24 (@flightradar24) December 25, 2024
Според информациите, екипажот на авионот решил да се врати во Истанбул поради технички проблеми.
Станува збор за авион „ербас А350“ со регистарски број TC-LGJ.
Медиумите јавуваат дека нема вонредна ситуација и дека ваквите постапки се вообичаени кога има технички дефект на леталото.
Европа
Руска ракета прелета над воздушен простор на членка на НАТО, вели украински министер
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалните мрежи се огласи за рускиот напад утринава.
Тој ги опиша нападите како божиќен терор и рече дека тоа е одговор на Владимир Путин на оние што зборуваат за илузорен божиќен прекин на огнот мислејќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Исто така, се тврди дека руската ракета поминала низ молдавскиот и романскиот воздушен простор.
„Тоа потсетува дека Русија ѝ се заканува не само на Украина“, додаде тој.
Романија, членка на НАТО, вели дека не ја открила ракетата во својот воздушен простор.
Европа
(Фото) Русите лансираа 12 проектили врз милионскиот град Харков
Градоначалникот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, објави дека Харков утрово се соочил со нов „масовен ракетен напад врз енергетски објекти“.
Игор Терехов вели дека врз градот биле лансирани 12 проектили насочени кон енергетските објекти, како што се котларници и електрани. Поради ова, голем дел од Харков во моментот е без греење.
#Харківщина: російські війська завдали масованих ударів ракетами та дронами, виникли пожежі
Влучання були зафіксовані у кількох районах міста та області. За попередніми даними, постраждали 6 осіб. pic.twitter.com/kxSPx0bCa5
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) December 25, 2024
Тој вели дека во градот досега се повредени најмалку четири лица.
„Сите наши специјализирани комунални услуги ќе работат на поправка и рестартирање на системот за греење. Ќе работиме деноноќно за да го вратиме нормалниот живот во градот што е можно побргу“, вели тој.