Свет
Доналд Трамп е личност на годината на магазинот „Тајм“
Доналд Трамп е личност на годината на магазинот „Тајм“.
„Неговата втора изборна победа е историска на повеќе начини“, објави Тајм при претставувањето на потесниот круг, во кој беа вклучени и Илон Маск и Кејт Мидлтон.
„Трамп ќе биде најстариот претседател во историјата на САД, кој по вторпат ќе ја преземе функцијата на возраст од 78 години и седум месеци. Кога Џо Бајден го започна својот мандат во 2021 година, тој имаше 78 години и два месеци. Трамп исто така ќе биде првиот осуденик избран за претседател“, објави „Тајм“, осврнувајќи се на неговата пресуда за фалсификување деловни документи за изборна измама.
Donald Trump is TIME’s Person of the Year https://t.co/IjP5W2otV5 pic.twitter.com/CVHX9o0DB3
— TIME (@TIME) December 12, 2024
Магазинот по вторпат го избра Доналд Трамп за личност на годината, откако првпат беше прогласен за личност на годината во 2016 година, кога ја победи Хилари Клинтон на претседателските избори и стана претседател на Соединетите Американски Држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) 6.000 затвореници избегале од затворот во Мозамбик за време на протестите во Мапуто
Најмалку 6.000 затвореници избегале од затворот во главниот град Мапуто, при што 33 се убиени, а 15 ранети во судири со стражарите. Меѓу избеганите има и 29 осудени терористи, што ги зголемува загриженоста и напорите на властите за враќање на редот.
На социјалните мрежи се појавија видеа од бегството, а полицијата упати повик за предавање и соработка од јавноста.
Најмалку 6.000 затвореници избегале од Централниот затвор во Мапуто, главниот град на Мозамбик, каде што има ескалација на немирите, соопшти полицијата.
Регион
Тројца членови на семејство, меѓу кои и дете, пронајдени мртви во нивниот дом во Босна
Трoјца луѓе починале синоќа во селото Теочак кај Тузла во Босна и Херцеговина, како последица од труење со јаглерод моноксид. Истражителите се сомневаат дека смртоносниот гас потекнал од генератор на нафта кој семејството го користело за производство на струја.
Според неофицијални информации починале тројца луѓе, сите членови на едно семејство, а меѓу нив е и едно дете. Според информациите, починатите ги пронашол локалниот оџа. Од полицијата велат дека добиле дојава и испратиле екипи на терен, но дека и натаму немаат потврда за оваа информација.
Неофицијално се дознава дека трагедијата се случила синоќа, а починатите биле пронајдени денеска.
Свет
Перу прогласи вонредна состојба по излевањето на нафта на северот на земјата
Владата на Перу денеска прогласи еколошка вонредна состојба во северниот крајбрежен регион, каде што државната нафтена компанија Петроперу минатиот викенд истури пратка сурова нафта во околните води на Тихиот Океан.
Брод кој изведуваше маневри предизвика излевање на нафта во саботата на терминалот на перуанската рафинерија Талара во северниот дел на Перу, објави Ројтерс.
Нема информација колку сурова нафта се излеа во морето, но чуварот на животната средина на Перу, ОЕФА, во прелиминарниот извештај рече дека излевањето погодило околу 10.000 квадратни метри површинска морска вода, а Министерството за животна средина соопшти дека погодило најмалку седум плажи како и локалниот див свет.