Свет
ЕУ одвои пет милиони евра хуманитарна помош за луѓето во Нагорно-Карабах
Kако одговор на зголемените потреби кои произлегуваат од кризата во Нагорно-Карабах, ЕУ донесе одлука да го зголеми своето хуманитарно финансирање за помош на луѓето од регионот со пет милиони евра, соопшти Европската комисија.
– Ескалацијата на конфликтот и прекин на огнот се очекува да предизвика масовен егзодус на луѓе од Нагорно-Карабах во Ерменија, при што околу 13.500 бегалци веќе ја поминале границата. Во исто време, постои голем недостиг на храна и пристап до електрична енергија и вода во енклавата Нагорно-Карабах, посочува ЕК.
По повод одлуката за доделувањето на новата помош еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич изјави дека ЕУ мора да биде подготвена да ги поддржи илјадниците луѓе кои решија да го напуштат Нагорно-Карабах, особено затоа што претстојната зима нив веројатно ќе ги изложи на дополнителни предизвици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото) Двајца доктори од Македонија учествувале во спасување на повредените во терористичкиот напад во Германија
Двајца македонски доктори учествувале во лечење на повредените од синоќешниот напад на Божиќниот базар во Магдебург, објави Амбасадата на Македонија во Германија.
„Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург“, пишува во објавата на ФБ.
Пет лица, меѓу кои и 9-годишно дете, загинаа откако синоќа автомобил влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург.
Во нападот беа повредени повеќе од 200 луѓе, од кои 40 се во критична состојба.
Полицијата уапсила 50-годишен лекар од Саудиска Арабија за кој верува дека е одговорен за нападот.
Канцеларот Олаф Шолц го опиша смртоносниот напад во Магдебург како „ужасен, луд чин“.
Свет
(Фото+видео) Масовни протести во Магдебург додека се одржува комеморација на загинатите во вчерашниот терористички напад
Стотици десничарски демонстранти се собраа во Магдебург.
Сликите од новинската агенција Асошиетед прес покажуваат голем собир на луѓе, а во толпата се сликани германски знамиња.
1900 Rede von Thorsten Heise. Stimmt Parole „Abschieben“ an und die Demo antwortet. In der Demo weiterhin vermummte Neonazis. #md2112 pic.twitter.com/w6FNxqdYmB
— Tim Mönch (@moenchtim) December 21, 2024
Во моментов во градската катедрала се одржува комеморација во знак на сеќавање на убиените во вчерашниот напад.
Пет лица, меѓу кои и 9-годишно дете, загинаа откако автомобил влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург.
Во нападот беа повредени повеќе од 200 луѓе, од кои 40 се во критична состојба.
Полицијата уапсила 50-годишен лекар од Саудиска Арабија за кој верува дека е одговорен за нападот.
Канцеларот Олаф Шолц го опиша смртоносниот напад во Магдебург како „ужасен, луд чин“.
Регион
Албанија го забрани ТикТок откако тинејџер беше смртно прободен минатиот месец
Албанија објави едногодишна забрана за TikTok по убиството на тинејџер минатиот месец, што ги зголеми стравувањата за влијанието на социјалните медиуми врз децата.
Премиерот Еди Рама, ја потврди забраната, како дел од поширокиот план да се направат училиштата побезбедни, по состанокот со групите родители и наставниците од целата земја.
„За една година, целосно ќе го затвориме за сите. Нема да има TikTok во Албанија“, рече Рама.
Рама ги обвини социјалните медиуми, а особено ТикТок, за поттикнување насилство меѓу младите во и надвор од училиштето.
Одлуката на неговата влада доаѓа откако 14-годишен ученик беше избоден до смрт во ноември од соученик.
Локалните медиуми објавија дека до инцидентот дошло по расправии меѓу двете момчиња на социјалните мрежи. На TikTok се појавија и видеа од млади луѓе кои го поддржуваат убиството.
„Проблемот денес не се нашите деца, проблемот денес сме ние, проблемот денес е нашето општество, проблемот денес е ТикТок и сите други што ги земаат нашите деца како заложници“, рече Рама.
Забраната се очекува да стапи на сила на почетокот на следната година.
Неколку европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија и Белгија, воведоа ограничувања за користење на социјалните мрежи за деца.
Во една од најстрогите регулативи во светот насочени кон големата технологија, Австралија во ноември одобри целосна забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години.