Свет
(Видео) Свршувачка во воениот пекол – како украински војник ја побара за жена девојката!
Украинските медиуми објавија видео од свршувачка, кое никого не остави рамнодушен.
Во виорот на воениот пекол креативен украински војник решил да ја побара за жена својата девојка.
Пред тоа, она што се случи можеше сериозно да го оштети нејзиното здравје.
Група негови соборци го запреле возилото во кое била девојката. Кога им ги прегледале документите, тој клекнал и ја побарал за жена.
To understand this video, you have to watch until the end. pic.twitter.com/SWTNfywcZD
— NEXTA (@nexta_tv) March 7, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Петчлено семејство загина во тешка сообраќајка кај Ушќе
Петчлено семејство вчера околу 13 часот и 10 минути загина во тешка сообраќајна несреќа кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, во судир учествувале патничко возило и борбено возило „ПАСАРС на српските вооружени сили.
Во патничкиот автомобил имало три деца, мајка и татко, јави РТС.
Министерството за одбрана соопшти дека борбеното возило на Војската на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција
Регион
Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.