Европа
Зеленски: Русија сака Украинците да клечат и да молат за леб и вода

Во своето денешно обраќање, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги повика украинските партнери во светот да донесат решенија засновани на реалноста, а не на апстрактни мислења. Тој рече дека Русија сака да го понижи украинскиот народ и да го натера да клекне и да моли за леб и вода.
„Ние не станавме робови и никогаш нема да станеме – затоа што ова е нашиот дух и ова е нашата судбина“, нагласи Зеленски.
Гледајќи напред, изјави дека по војната, сѐ ќе се обнови според највисоките стандарди и дека владата веќе размислува за обновата.
„Нема да има трага од руската инвазија“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Британскиот премиер: Ќе направиме сè за да ја уништиме операцијата на руската флота во сенка

Велика Британија објави дека ќе санкционира до 100 танкери за нафта од таканаречената руска флота во сенка, со цел да го зголеми притисокот врз Москва во нејзината војна со Украина. Бродовите од почетокот на минатата година превезле товар во вредност од повеќе од 24 милијарди долари, а некои бродови биле вклучени и во оштетување на критичната инфраструктура, соопштија Британците.
Канцеларијата на премиерот Кир Стармер соопшти дека санкциите ќе претставуваат најголем пакет мерки на Велика Британија против флотата во сенка, но не даде дополнителни детали.
Стармер ќе ги објави мерките на состанокот на лидерите на безбедносната алијанса на Заедничките експедициски сили (JEF), што ќе се одржи во петок во Норвешка. JEF се состои од 10 земји – Обединетото Кралство, пет нордиски земји, три балтички земји и Холандија.
„Секој чекор што го преземаме за зголемување на притисокот врз Русија и постигнување праведен и одржлив мир во Украина е уште еден чекор кон безбедноста и просперитетот во Обединетото Кралство“, рече Стармер.
„Ќе направиме сè што е во наша моќ да го уништиме работењето на флотата во сенка, да ја лишиме нејзината воена машинерија од приходи од нафта и да ја заштитиме подводната инфраструктура на која се потпираме во нашиот секојдневен живот“, додаде тој.
Бродовите се осомничени за оштетување на подводната инфраструктура во Европа, вклучувајќи далноводи, кабли и цевководи во Балтичкото Море. Нордиските и балтичките земји, вознемирени од растечките ризици од саботажа, инсистираа на акција.
Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.