Свет
Зеленски утре ќе се обрати во британскиот Парламент
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, утре, во 18 часот, ќе одржи говор пред британските пратеници.
Изјавата, која ќе биде дадена преку видеоврска, вечерва ја потврди и претседателот на Претставничкиот дом на британскиот Парламент, сер Линдзи Хојл.
„Нема крв на нашето знаме. Нема да има црни дамки, нема да има свастики. Украинското знаме е земја, мирна, плодна, златна, без тенкови. Ова небо е мирно, чисто и сино без ракети. Така беше и порано, така ќе биде и сега“, рече Зеленски денеска во своето обраќање преку „Фејсбук“.
Тој рече дека отпорот на Украина одлучува за иднината на Европа и ги повика западните лидери да му дадат воени авиони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.
Свет
Фон дер Лајен најави нови санкции против Иран
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја осуди „прекумерната употреба на сила и континуираните ограничувања на слободата“ во Иран. Таа рече дека информациите за зголемениот број на жртви се застрашувачки.
„Европската унија веќе целосно го вклучи Корпусот на Исламската револуционерна гарда во својот режим на санкции за човекови права. Во тесна соработка со високата претставничка и потпретседателка Каја Калас, брзо ќе бидат предложени дополнителни санкции против оние што се одговорни за репресијата. Ние стоиме зад иранскиот народ кој храбро маршира за својата слобода“, рече таа.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.
фото/Depositphotos

