Свет
Израелска армија: Случувањата во Газа се потресни, но Хамас ги промени правилата на игра
Раководителот на блиската болница објави претходно дека 52 лица загинале во експлозија во бегалскиот камп Ал-Магази во Газа. Министерството за здравство со кое раководи Хамас вели дека причината е израелски воздушен напад. Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот.
Новинар на Би-Би-Си го прашал портпаролот на израелските одбранбени сили, потполковник Питер Лернер дали израелските сили го погодиле бегалскиот камп. „Не можам да го потврдам тоа во овој момент“, рече тој. Ал-Магази, да потсетиме, се наоѓа во јужниот дел на Газа, каде што Израел им порача на цивилите да се движат за своја безбедност.
Лернер рече дека сите напади во јужна Газа се „специфични напади врз основа на разузнавачки информации, особено против терористички елементи“, но „тоа не значи дека за жал не може да има жртви“. Запрашан дали некаде во Газа е безбедно, тој рече дека е „дефинитивно побезбедно на југ“.
Тој рече дека „она што се случува во Газа денес е навистина потресно“, но „тоа сепак е војна што Хамас ја започна“. Кога Хамас одлучи да ги нападне израелските заедници „убивајќи, масакрирајќи, обезглавувајќи, силувајќи повеќе од 1.400 луѓе“ и киднапирајќи повеќе од 240 други. „Тие ги сменија правилата на играта“, вели тој.
„Израел многу јасно кажува преку ИДФ, сега ја менуваме играта – Хамас мора да си оди“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ја прославил новата година со сестра си, па ja убил: шефот на црногорската полиција откри детали од масакрот во Цетиње
Министерството за внатрешни работи на Црна Гора одржа вонредна прес-конференција на која беа соопштени сите детали за монструозниот масакр во Цетиње.
Тамошните медиуми потсетуваат дека загинаа 12 лица, а четворица се тешко повредени и се во тешка состојба во Клиничкиот центар на Црна Гора.
„Ја уби сопствената сестра, беа во добри односи. Нова година ја чекаа заедно. Уби две деца и братот на сопственикот на кафаната, повеќето жртви се негови пријатели, кумови, сонародници”, откри Лазар Шќепановиќ, в.д директор на полициската управа на Црна Гора.
Ацо Мартиновиќ (45) го изврши масакрот попладнето во средата на 1 јануари во Цетиње.
Убил 12 лица на неколку локации, додека четири лица се тешко повредени.
Кога бил лоциран и опкружен со специјални единици, тој извршил самоубиство.
На повредите им подлегнал во возилото на Брзата помош кое било на пат кон Клиничкиот центар на Црна Гора.
Свет
(Видео) Паника во Вашингтон: Сомнително возило се движело по тротоар кај Капитол
Сомнително возило паркирано пред Капитол во Вашингтон предизвика паника, а полицијата веднаш реагираше. Полициските службеници реагирале на пријавата и апелирале граѓаните да го избегнуваат теренот, пренесуваат светските медиуми.
Според извештаите, осомничениот бил виден како брзо вози по тротоарот, поради што полицијата го затворила тој дел од градот, пишува Дејли Мејл.
По двата терористички напади во САД кои се случија во последните 48 часа, полицијата повеќе не сака ништо да препушта на случајноста, според написите.
Во Њу Орлеанс, на новогодишната ноќ, воен ветеран влета со камион во толпата, по што отвори оган врз толпата во Францускиот кварт, убивајќи 15 и рани уште 30 лица пред полицијата да го убие.
Еден ден подоцна, вчераутро, камион „Тесла“ експлодираше и изгоре пред хотелот на Трамп во Лас Вегас, при што загина едно лице, а неколку беа повредени.
Според непотврдени информации, полицијата во Вашингтон го уапсила возачот кој го управувал сомнителното возило.
Свет
(Видео) Уништени згради, дивеење на новогодишната ноќ во Германија: „Како граѓанска војна“
„Во поголем број од градовите во Германија, новата година започна мирно и радосно“, вака сојузната министерка за внатрешни работи Ненси Фезер ја балансираше новогодишната ноќ.
Истовремено, политичарот на СПД ги осуди сите оние граѓани кои со употреба на пиротехнички средства ги попречувале акциите на припадниците на полицијата, пожарникарите и итната помош на терен. Сторителите мора да бидат казнети со сета сила на законот, додаде Фезер, пренесува ДВ.
🇩🇪 Detached fingers, deaths, and hundreds detained: Germany rings in 2025 with fireworks and violence
Five people were killed and over a hundred injured due to mishandling fireworks during New Year's celebrations in Germany. In Berlin alone, 330 individuals were detained on New… pic.twitter.com/dILGzIyBly
— NEXTA (@nexta_tv) January 2, 2025
Во меѓувреме се засили политичката дебата за последиците од новогодишните инциденти. Шефот на баварската полиција Јоаким Херман јавно зборуваше за „ситуации слични на граѓанска војна“. Тој се осврна на настаните во Берлин, а во тој контекст рече: „Ако луѓето се сериозно повредени, ако цели станбени згради станат непогодни за живеење поради употреба на експлозивни направи, тогаш црвената линија е помината“.
New year’s celebrations in Berlin, Germany
pic.twitter.com/ptPHY5VSae— Special Situations 🌐 Research Newsletter (Jay) (@SpecialSitsNews) January 1, 2025
Заменик-претседателот на пратеничката група на СПД во Бундестагот, Дирк Визе, за весникот Велт изјави дека е крајно време законски да се зајакне заштитата на спасувачките тимови. Поранешниот федерален министер за правда Марко Бушман од ФДП не ги презеде неопходните чекори во овој поглед, смета Визе. Тој побара од Унијата ЦДУ/ЦСУ „да ја прекине политиката на блокада по ова прашање и да го поддржи предлог-законот насочен кон подобра заштита на спасувачките тимови“.
Синдикатот на вработените во полицијата (БДП) е загрижен поради фактот што „потребен е се повеќе персонал за заштита на населението и членовите на спасувачките тимови“. Претседателот на БДП, Јохен Копелке, забележува дека сите кадровски и правни опции во ова прашање се исцрпени. Напади врз полицијата или пожарникарите се регистрирани, меѓу другото, во Берлин, Минхен, Келн, Лајпциг и Хамбург.
Во Берлин, според градските власти и полицијата, за време на новогодишната ноќ се повредени 37 полицајци и еден припадник на противпожарната служба. Еден полицаец е тешко ранет, се претпоставува дека е повреден во експлозија на нелегално пиротехничко средство.
Во Лајпциг околу 50 лица нападнаа полицајци со пиротехнички средства и шишиња. Во Минхен неколку стотици луѓе дивееле на новогодишната ноќ, меѓу другото нападнале и полицајци. Портпаролката на полицијата рече дека се работи за 200-300 лица од левичарскиот спектар.
Германскиот Црвен крст апелира граѓаните поинтензивно да се сензибилизираат по ова прашање. „Мора да се подигне свеста дека членовите на спасувачките тимови даваат важен социјален придонес за секој поединец, тоа е придонес кој спасува животи“, изјави претседателката на Црвениот крст Герда Хаселфелд за медиумската група „Функе“.
И првиот човек на БДП, Копелке, го коментираше трагичниот исход од новогодишната ноќ. Пет лица загинаа при употреба на пиротехнички средства. Тој рече дека тоа е „страшен биланс за првиот ден од новата година“. Бројните повредени лица и видеата на социјалните мрежи покажуваат дека за многу луѓе нормалниот огномет веќе не е доволен, рече Копелке: „Мора да има се повеќе и повеќе експлозивна моќ, поголеми експлозии, многу оган“.
Поради употреба на нелегални пиротехнички средства, односно производи кои се користат за професионален огномет и кои не беа во продажба во изминатите неколку дена, предизвикана е голема штета пред се во Берлин. Според пожарникарите, во областа Шенеберг во една голема детонација биле сериозно оштетени бројни фасади, а пукнало и стаклото на прозорците. Луѓето мораа привремено да се иселат од 36 станови, а две лица се пренесени во болница, потврди портпаролот на берлинската противпожарна служба. Во врска со последиците од употребата на нелегален огномет на теренот, тој рече дека тоа личи на „бојно поле“.
Јохен Копелке од Синдикатот на вработените во полицијата (ГДП) посебно се осврна на однесувањето на младите мажи во населбите кои се познати како социјални жаришта, поточно на фактот дека таму повторно биле нападнати припадници на полицијата и спасувачките тимови. „Веќе не го поднесувам тоа мачо однесување на улиците и на социјалните мрежи“, изјави Копелке за медиумите од групата „Функе“.
Тој бара брзи последици за напаѓачите: „Во Лајпциг, Минхен, Келн и Хамбург бевме цел и повредени. Мора да има брзи и опипливи последици за напаѓачите, а мора да има и последици за членовите на левата екстремистичка сцена“.