Свет
„Нетфликс“ го паузира снимањето на „Круната“ во знак на почит кон починатата кралица Елизабета Втора
Популарната драмска серија на „Нетфликс“, „Круната“, ќе направи пауза од снимањето на шестата сезона како знак на почит кон починатата кралица Елизабета Втора, објавија во петокот британските медиуми.
Серијата „Круна“ на Питер Морган се заснова на животот, кариерата и наследството на 96-годишната кралица, која 70 години ѝ служеше на Британија како монарх со најдолг стаж во историјата.
Елизабета Втора почина во четвртокот во замокот Балморал во Шкотска.
„’Круната’ е љубовно писмо до неа и засега немам што да додадам, само молк и почит“, објави Морган откога Бакингемската палата ја објави смртта на кралицата.
„Очекувам и дека од почит ќе престанеме да снимаме некое време“.
„Ако серијата сѐ уште се прикажува кога ќе умре кралицата, ќе престане на некое време“, изјави директорот на „Краун“, Стивен Далдри, пред неколку години иако не е јасно што сакал да каже со тоа имајќи предвид дека серијата е на стриминг-сервис.
„Никој од нас не знае кога ќе дојде тоа време, но би било правилно да искажеме почит кон кралицата. Тоа, едноставно, би било почит и знак на почит. Таа е глобална фигура и тоа треба да го направиме. Таа е извонредна жена и луѓето ќе бидат вознемирени.
Актерките Клер Фој, Оливија Колман и Имелда Стаунтон добија можност да ја портретираат улогата на кралицата Елизабета Втора во серијата во разни фази од нејзиниот живот, пренесе „Телеграф.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Советник на Путин: Мирот е можен само ако Русија добие пет украински региони
Близок советник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека и Украина и Молдавија би можеле да престанат да постојат како независни држави, во интервју за рускиот весник Комсомолскаја Правда објавено вчера.
„Не може да се исклучи дека Украина оваа година ќе престане да постои“, изјави Николај Патрушев, поранешен секретар на Советот за национална безбедност на Русија.
Тој додаде дека Молдавија најверојатно „ќе се приклучи на друга држава или целосно ќе престане да постои“.
Москва ќе прифати мировно решение со Украина само под услов да го задржи анектираниот полуостров Крим, како и украинските региони Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, рече тој.
На прашањето за плановите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да стави крај на војната, Патрушев рече дека претпоставува дека разговорите за Украина меѓу Русија и САД треба да се одржат без учество на други западни земји.
Тој додаде дека нема што да се разговара ниту со Европската унија ниту со Велика Британија.
Тврдокорниот Патрушев (73) е близок соработник и советник на Путин. По 16 години на чело на рускиот Совет за безбедност, тој беше сменет во мај минатата година и назначен за советник на Кремљ за бродоградба.
Европа
Огромен ракетен напад врз Украина, експлозии во милионскиот град
Во тек е масовен руски напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Украина. Прогласена е закана од воздушен напад низ целата земја.
Силни експлозии се слушаат во Харков, вториот по големина украински град со еден милион жители. Како што предупреди украинското воздухопловство, шест групи крстаречки ракети летаат кон регионот на Киев.
Се стравува дека можна цел е киевската хидроцентрала на реката Днепар на северот од земјата.
Регион
Земјотрес во Албанија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 20 часот и 11 минути во Албанија.
Потресот се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.