Свет
Нови жаришта во Кина и Јужна Кореја, вирусот се врати во Вухан
Новите жаришта на коронавирус во Кина и Јужна Кореја се загрижувачки поради очигледната способност на вирусот да продолжи да се шири незабележано.
Иако тој број е далеку помал од оние што се пријавуваат секојдневно во Западна Европа и САД, враќањето на вирусот, особено во град со толку интензивно набљудување и ограничувања, како Вухан, ја доведува во прашање одржливоста на повторно отворање на градовите, пишува Си-ен-ен.
Кина и Јужна Кореја ја спречија епидемијата на коронавирусот благодарение на мерките за социјално оддалечување и внимателното надгледување, но како што животот постепено почна да се враќа во нормала во тие земји, се појавија нови резервоари на инфекција.
Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, предупреди за втор бран на епидемијата поради порастот на бројот на нови случаи поврзани со ноќните клубови во Сеул, кои ги посетувал маж во своите доцни 20-ти години, а за кој се утврдило дека е позитивен на вирусот.
Воведени се нови ограничувања во Кина бидејќи се појавија нови случаи на коронавирус во два града.
Градот Шулан во североисточната провинција Jилин воведе мерки за затворање по потврдувањето 11 заразени лица.
Она што е уште позагрижувачко е што се појавија нови случаи во Вухан, градот од кој тргна епидемијата и кој на крајот на минатиот месец почна да се враќа во релативно нормален живот по 76 дена изолација.
Градските власти пријавија пет нови случаи, сите пренесени на локално ниво.
Може да излезе дека новите случаи се само капка во океанот и ќе бидат совладани, но факт е дека двете земји за кои се мислеше дека ја држат епидемијата под контрола известуваат за нови локални пренесувања, што може да биде причина за загриженост, наведува Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.