Свет
Новинарот Такер Карлсон: Одлуката на САД Украина да гаѓа длабоко во Русија ќе ги загрози животите на Американците
Американскиот новинар Такер Карлсон денеска изјави дека одлуката на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден да и дозволи на Украина да напаѓа цели длабоко во Русија со проектили со долг дострел АТАКМС може да ги загрози животите на самите Американци.
Карлсон на платформата X напиша дека Бајден штотуку започнал војна со Русија, која ја нарече „најопасната земја во светот“.
Американскиот новинар, коментирајќи го видеото објавено од друг корисник за почетокот на производството на мобилни засолништа во Русија, го критикуваше претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Мајкл Џонсон за фактот дека „не ги спомнува мобилните засолништа во Русија ниту во јавност ниту на состаноци со лидерите на фракциите во Долниот дом”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сараево осамна под снег: Зимската идила направи колапс, сообраќајот забавен, тротоарите затрупани, гранки насекаде
Сараево утрово осамна под снегот. Снегот кој почна да паѓа во средата попладне во Босна и Херцеговина за кратко време предизвика бројни проблеми на градските улици и автопатишта.
Како што пренесува Кликс, најпрвин силен дожд, а потоа и поголемо количество снег предизвикале лизгави коловози, што довело до поголем број сообраќајни несреќи во Сараево.
Од тежината на влажниот снег има многу скршени гранки и дрвја, а се чини дека на пешаците им е најтешко со оглед на тоа што тротоарите се многу лошо или воопшто не се исчистени низ Сараево.
Зимските служби на КЈКП Рад во текот на ноќта го расчистија главниот пат, но споредните улици се уште се под дебел слој снег, пишува Кликс.
Регион
Ексминистер и двајца поранешни директори меѓу уапсените за уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
Поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, уапсени се 11 лица, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.
Настрешницата на станицата се урна на 1 ноември. Загинаа 15 лица, а две лица се уште се борат за живот.
По трагедијата во Србија беше следеа протести на граѓаните кои бараа одговорност за катастрофата што се случи.
Нова.рс дознава дека меѓу уапсените се Небојша Шурлан, поранешен директор на компанијата „Инфраструктура железнице“ и Јелена Танасковиќ, која до пред неколку дена беше директор на истата фирма.
Меѓу уапсените е и поранешниот министер Горан Весиќ, пишува Мондо.
Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура. Тој поднесе оставка пет дена по трагедијата што се случи во Нови Сад во која загинаа 15 лица.
„Дадов оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Република Србија. Дадов оставка како одговорен човек кој со личен пример сака да покаже дека во денешна Србија има морална одговорност поради страшната трагедија која се случи во одделот што го раководам“, рече тој.
За делото е предвидена затворска казна од две до 12 години, информираат од обвинителството во Србија.
Свет
Најмалку 66 лица загинаа во израелски воздушен напад во северниот дел на Газа
Најмалку 66 лица, претежно жени и деца, загинаа утринава во израелски воздушен напад на северот на Газа, додека повеќе од 100 лица се повредени.
Во нападот е уништен цел станбен блок во близина на болницата Камал Адван во Беит Лахија, пренесе агенцијата Вафа.
Многу луѓе се уште се водат како исчезнати.