Свет
Орбан: Унгарија нема да стане земја на eмигранти

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека земјата нема да стане емигрантска земја што и да прави Брисел.
Орбан истакна дека од 2015 година, кога беше врвот на мигрантската криза, Унгарија постојано повикуваше на заштита на надворешните граници на Европската Унија.
„Наместо кукање и избегнување одговорност, земјата длабоко вдиша, подигна ограда и ги запре мигрантите. Унгарците застанаа во одбрана на своите интереси и не станаа земја на емигранти и нема да станат што и да прави Брисел. Унгарија им припаѓа на Унгарците, точка“, изјави Орбан во интервју за Радио Кошут, пренесува МТИ.
Орбан рече дека е уверен оти Европската комисија ќе ѝ компензира на Унгарија за трошоците за заштита на надворешната граница на ЕУ од илегалната миграција, објави „Ројтерс“.
Унгарија ја затвори главната транзитна рута низ Унгарија за стотици илјади баратели на азил, кои бегаа од војната и сиромаштија во 2015 година, зајакнувајќи ја поддршката меѓу своите сограѓани, но предизвика критики од многу сојузници на ЕУ.
„Унгарија мора да добие компензација за тоа колку нѐ чинеше заштитата на границите“, рече Орбан, пренесува „Танјуг“.
Шефот на кабинетот на Орбан вчера изјави дека Унгарија е подготвена да ја тужи Комисијата за трошоците за заштита на границите, кои Будимпешта ги проценува на две милијарди евра, пренесе „Ројтерс“.
Во јуни највисокиот суд на Европската Унија пресуди дека Унгарија мора да плати казна од 200 милиони евра затоа што не ги спроведува промените во политиката за третман на мигрантите и барателите на азил на својата граница, одлука што Орбан во тоа време ја нарече срамота.
„Сега има само уште еден чекор што треба да го направат западноевропските лидери, интелектуално тоа не е особено тешко: ако тие (лидерите) кажат дека границите мора да се заштитат, тогаш оние што всушност ги штитат границите не треба да бидат казнети поради тоа“, додаде Орбан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Работата во Газа не е завршена, втората фаза од мировниот договор започнува веднаш

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека работата во Газа не е завршена, бидејќи телата на починатите заложници не се вратени како што беше ветено, објави вечерва „Тајмс оф Израел“.
„Сите 20 преживеани заложници се вратија и се чувствуваат добро, како што може да биде. Тешкиот товар е отстранет, но работата не е завршена. Телата не се вратени, како што беше ветено“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.
Договорот потпишан од Израел и Хамас минатата недела значеше дека Хамас ќе ги ослободи сите 48 заложници во рок од 72 часа од стапувањето во сила на прекинот на огнот.
Рокot истече во понеделникot напладне и Хамас ослободи 20 заложници живи, но ги врати само телата на само четворица од 28-те што загинаа во Газа, додека вечерва најави предавање на уште четворица.
Дадениот рок во договорот важи и за телата, пишува „Тајмс оф Израел“, но се чини дека на Хамас му треба повеќе време за да ги лоцира, па затоа е формирана заедничка работна група за да помогне во пронаоѓањето на телата што не се вратени во рок од 72 часа.
„Втората фаза започнува веднаш“, додаде Трамп, алудирајќи на делови од неговиот план од 20 точки за повоено управување и реконструкција на Газа, кој ќе го води преодна влада на палестински технократи и ќе го надгледува мировен комитет со кој претседава американскиот претседател и поранешниот британски премиер Тони Блер.
Првата фаза, според Трамп, вклучува ослободување на заложниците, повлекување на Израел од Газа и обезбедување хуманитарна помош, додека Хамас сè уште не се согласил со втората фаза, која вклучува нивно разоружување.
Фото: принтскрин
Свет
Сикорски: Европа мора да се подготви за „длабок“ руски напад

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денес предупреди дека Европа мора да биде подготвена за руски напад длабоко на нејзина територија. Тој оцени дека е „неодговорно“ што не гради одбранбени системи како што е „ѕид од беспилотни летала“ на неговото источно крило.
Во Лондон, каде што го претстави иранскиот дрон „Шахед-136“ соборен во Украина, Сикорски ги повика европските земји да „останат доследни“ во својата поддршка за Украина, наведувајќи дека се надева дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги стави на располагање ракетите Томахавк со долг дострел на таа земја, пренесува Ројтерс.
Тој процени дека снабдувањето на Украина со дополнителна муниција за противвоздушна одбрана, како и оружје со краток и среден дострел, е неопходно за да се помогне во заштитата на Европа, наведувајќи ги како примери упадите на руски беспилотни летала над Полска и борбените авиони над Естонија.
Тој рече дека сè уште не е познато дали беспилотните летала забележани над Копенхаген биле руски.
Запрашан за можноста за проширување на иницијативата „ѕид од беспилотни летала“ за да се спротивстави на идните упади, Сикорски за Ројтерс изјави дека руските напади „за жал би можеле да стигнат длабоко во Европа“.
„Треба да бидеме подготвени да се спротивставиме на тоа и затоа мислам дека би било неодговорно ако не изградиме капацитети против беспилотни летала денес“, рече Сикорски, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Свет
Силен земјотрес во Турција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди западна Турција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.
Засега нема информации за евентуални повредени или штети.