Свет
Откако одби да се дистанцира од Путин, Ана Нетребко повеќе нема да настапува во Метрополитен опера
Познатата руска сопранка Ана Нетребко повеќе нема да настапува во Метрополитен операта во Њујорк, откако одби јавно да се дистанцира од рускиот претседател Владимир Путин, се вели во соопштението на Мет.
„Тоа е голема уметничка загуба за Мет и за операта“, рече генералниот директор на компанијата, Питер Гелб, во изјава за Си-ен-ен.
„Ана е една од најголемите пејачки во историјата на Мет, но со тоа што Путин уби невини жртви во Украина, немаше начин да се продолжи“.
Нетребко требаше да настапи во „Турандот“ на Пучини оваа пролет, како и во „Дон Карло“ на Верди следната сезона.
Анна Нетребко приняла знамя Новороссии! #Донбасс #Новороссия #Украина pic.twitter.com/srcpcSG3ow
— Олег Царев (@OlegTsarov) December 8, 2014
Украинската сопранистка Лиудмила Монастирска ќе ја замени во „Турандот“, а нејзината замена во „Дон Карло“ ќе биде објавена подоцна, соопшти Мет.
Нетребко даде критички изјави за војната, но јавно не го коментираше Путин.
Во 2014 година Нетребко направи голема донација за оперска куќа во Доњецк, град во Украина контролиран од проруските сепаратисти, според извештајот на „Њујорк тајмс“.
Откако ја даде донацијата, таа беше сликана како држи знаме на Новоросијан, кое го користат сепаратистичките групи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

