Свет
Папата Франциско ги навреди Русите, Захарова бурно реагира
Папата Франциско изјави дека најсурови меѓу руската армија во Украина се Чеченците, Бурјатите и другите „што не се дел од руската традиција“.
На тоа бурно реагира портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, која рече дека таквата изјава оди подалеку од обична русофобија.
Во интервју за језуитското списание „Америка“, поглаварот на црквата Римокате, го нарече украинскиот народ маченички.
„Генерално, можеби најсурови се оние што се од Русија, но не се дел од руската традиција, како Чеченците, Бурјатите и така натаму“, рече папата.
На тоа остро реагира официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Ова веќе не е русофобија, ова е перверзија, не знам веќе на кое ниво. Сетете се дека во деведесеттите, на почетокот на 2000-тите, ни го кажаа сосема спротивното – дека Русите и Словените ги мачеле народите на Кавказ, а сега ни кажуваат дека кавкаските народи ги мачат Русите. Ова е искривување на вистината“, рече Захарова.
Таа нагласи дека Чеченците, Бурјатите и сите други претставници на мултинационалната и мултиконфесионална Русија сочинуваат едно семејство.
„Би сакал да ги потсетам моите браќа католици дека Библијата вели дека сите луѓе имаат еден Татко. Тоа е почеток и крајот на сите разговори што имаат каква било ксенофобна, расистича, нкационалистичка или друга мизантропска заднина“, изјави портпаролката на рускиот оддел за надворешна политика.
Се огласи и лидерот на Бурјатија, Алексеј Циденов, кој рече дека „војниците од Бурјатија чесно ја извршуваат својата должност и дека тие се пример за најдобрите традиции на руската армија“.
„Во најмала рака е чудна оценката на поглаварот на Римокатоличката црква за суровоста на одредени националности, конкретно Бурјатите и Чеченците, кои го штитат цивилното население. Историјата знае многу примери кога оние што се сметаат за претставници на цивилизирани народи уништувале градови, држави, па дури и народи“, посочи Циденов, пренесе „Новости.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.