Свет
Полицаец во САД застрела невооружено 11-годишно дете
Локалните власти објавија снимка од камера на телото на полицаец што застрелал 11-годишно момче во Мисисипи. На видеото се гледа како полицаецот од Индијанола, Грег Каперс, пристигнува во домот на 11-годишниот Адериен Мари едно утро минатиот мај откога момчето повикало полиција бидејќи татко му ѝ се заканувал на мајка му.
Прикажан е и моментот во кој Каперс пука во градите на невооружено момче во моментот кога момчето влегло во собата и ги кренало рацете. Момчето преживеало, но добило сериозни повреди и морало да оди на скапа терапија, пишува „Ројтерс“.
Во декември полицаецот беше ослободен на суд бидејќи поротата заклучи дека немал криминална намера кога пукал во момчето.
Родителите на момчето поднеле и граѓанска тужба против полицаецот, Градот Индијанола и началникот на полицијата. Тие бараат отштета од пет милиони долари за непромисленото непочитување на правата и безбедноста на семејството Мари од страна на Каперс.
Властите им дозволија на мајката на момчето и на нејзиниот адвокат да ја видат снимката, но им беше забрането јавно да го објават видеото.
The City of Indianola fought hard to prevent the release of the body camera footage of Officer Greg Capers shooting my unarmed client, 11 year old Aderrien Murry, in the chest. I guess they forgot that the MBI investigation was over and that the media outlets could get it. pic.twitter.com/JjbZJsJdd9
— Attorney Carlos Moore (@Esquiremoore) January 6, 2024
„Градот Индијанола напорно се бореше за да го спречи објавувањето на снимката од камерата на телото на полицаецот Грег Каперс како пука во мојот невооружен клиент. Претпоставувам дека заборавиле оти истрагата е завршена и медиумите сега може да пристапат до снимката“, напишал адвокатот Карлос Мур на „Икс“.
Државното обвинителство на Мисисипи најави дека нема да презема никакви дополнителни кривични дејства во врска со овој случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кремљ: Милијарда долари од САД до Киев – кражба на руски имот
Кремљ денеска објави дека милијардата долари, кои наводно Вашингтон ги испратил во Украина преку Светска банка, а кои биле покриени со профит од замрзнати руски средства, претставуваат еден вид кражба.
„Овие пари ни се украдени. И тие резерви што се блокирани, тие се блокирани и апсолутно незаконски. Ова е спротивно на сите норми и правила“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој предупреди дека таквите акции на САД може да доведат до правни дејствија од страна на Русија, која, како што рече, ќе ја искористи секоја можност да ги заштити своите права и сопственичките права, пренесува Ројтерс.
Украинскиот премиер Денис Шмихал во вторникот објави дека земјата добила милијарда долари од САД од замрзнатите руски средства и дека ова е воедно првиот дел од 20 милијарди долари што Вашингтон му ги ветил на Киев, пренесува Танјуг.
Во посебна изјава, Шмихал рече дека Киев добил и една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија, а таа транша е доделена под гаранции на владите на овие земји во рамките на програмата DPL на Светска банка.
Свет
Британија: повеќе од половина милион стари луѓе нема да разговараат со никого на Божиќ
Околу еден милион постари луѓе во Велика Британија се чувствуваат поосамено за време на божиќните празници отколку во кое било друго време од годината, покажуваат најновите истражувања.
Околу 590.000 луѓе постари од 65 години во Велика Британија на Божиќ нема никого да видат и да разговараат, а 1,4 милиони од нив ќе вечераат сами – без друштво, покажува истражувањето на хуманитарната организација „Age UK“, пренесува Sky News.
Организацијата наведува дека осаменоста и социјалната изолација се проблем за старите лица во Велика Британија во текот на целата година, но и дека овие надежи особено тешко им паѓаат во празничниот период кога секој десетти постар човек е сам, како што е случајот денес, 25 декември. Според истражувањата, околу милион постари луѓе во овој период од годината се чувствуваат поизолирани отколку во кое било друго време во текот на годината, пренесува Танјуг.
Поради оваа причина, „Age UK“ во декември организира стотици настани низ Велика Британија, што, како што велат, е можност за членовите на постарата популација да се сретнат со други луѓе од локалната заедница.
Една од облиците на помош која оваа хуманитарна организација им ја пружа на старите лица е телефонската линија „Сребрена линија“ која работи 365 дена во годината, пишува Sky News.
Свет
Нова снимка: авионот се качуваше и спушташе неколку пати пред да се урне во Казахстан
Нова снимка покажува што се случило неколку минути пред авионската несреќа во Казахстан.
Авионот постојано се качувал и спуштал пред да се урне.
This video shows what happened in the minutes before the plane crash in Kazakhstan. The plane repeatedly went up and down before crashing. pic.twitter.com/dQ0H1c9R0R
— BNO News Live (@BNODesk) December 25, 2024
Според последните информации, падот го преживеале 28 лица, меѓу кои и две деца. Се верува дека загинале 39 лица