Свет
Поранешен израелски премиер: Израел ја уништи Газа
Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт на седмиот мировен форум во Париз изјави дека Израел ја „уништил“ Газа, каде и понатаму продолжува со нападите, пренесува Анадолија.
Олмерт учествуваше на панелот „Израел-Палестина: План за две држави и план за мир“ во рамки на 7. Париски мировен форум, што се одржа во француската престолнина.
Тој посочи дека решението за две држави што го предложи во 2008 година може целосно да го промени Блискиот Исток и животите на милиони луѓе во тој регион.
„Настаните од 7 октомври се незаборавни и непростливи, а со оглед на околностите што ја предизвикаа, војната беше неизбежна. Но, како што реков претходно, мислам дека војната требаше да престане“, рече Олмерт.
Тој посочи дека Израел го „уништил воениот капацитет на Хамас“, додавајќи дека во Газа биле убиени и невини палестински цивили.
„Ја уништивме Газа. Има и ужасни последици по животите на два милиони граѓани на Газа, кои не се терористи и не придонесуваат за тероризмот“, рече тој.
Олмерт посочи дека Израел треба да ги запре нападите врз Газа, да ги спаси заложниците и да ги ослободи палестинските затвореници во затворите во Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Со синот во рацете стигнала до соседната куќа: побегнала од масовниот убиец во Црна Гора
По нападот во Цетиње, ранетата 38-годишна Марија Мартиновиќ со синот во раце стигнала до соседната куќа, пишува „Вијести“.
Дури тогаш соседите, а потоа и полицијата дознале дека во куќата на Мартиновиќ се случило злосторство.
Полицијата оценува дека Ацо Мартиновиќ во две куќи на негови роднини прво го убил сопругот на Марија, Марко, а пред тоа и неговиот брат Милош во ресторан.
Потоа отишол во куќата на нивните родители и ги убил сопружниците Радован (70) и Радмила Мартиновиќ (63) и нивниот гостин Јоша Оташевиќ (55).
Ова на прес-конференција го потврди и шефот на полициската управа Лазар Шќепановиќ, пишува медиумот.
„Во населбата Хумци, Мартиновиќ дошол со возило и се паркирал пред куќата на жртвите, по што прво го убил Ј.О., роден 1970 година, кој бил во куќата на М.М., роден 1986 година, а кој исто така е убиен во таа куќа“, рече тој и продолжи:
„Во оваа прилика е ранета М.М., родена 1987 година (сопругата на убиениот М.М.), која иако е ранета, со детето во раце успеала да побегне од својата куќа до куќата на првите соседи, а потоа и убиецот отишол во родителската куќа на веќе убиениот М.М и ги лишил неговите родители Р.М., роден 1955 година и Р.М., роден 1962 година“, рече Шќепановиќ на прес-конференција.
Свет
Американски воен аналитичар: Во случај на војна со Русија, НАТО ќе биде демилитаризиран една деценија
НАТО ќе биде демилитаризиран една деценија во случај на конфликт со Русија и Кина, смета американскиот воен експерт Вил Шрајвер.
„Во конвенционален конфликт против Кина и Русија, НАТО ќе ја исцрпи целата своја залиха на ракети од сите видови, ќе изгуби десетици големи воени бродови и стотици најдобри авиони – сето тоа за помалку од еден месец“, напиша Шрајвер на мрежата X.
„НАТО на тој начин практично би бил демилитаризиран една деценија“, посочи тој.
Москва постојано изразува загриженост за трупањето на силите на Алијансата во Европа. Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Москва останува отворена за дијалог со НАТО, но на рамноправна основа, додека Западот мора да се откаже од својата политика на милитаризација на континентот, пренесува Спутник.
Рускиот претседател Владимир Путин посочи дека евентуалниот влез на Украина во Алијансата претставува закана за безбедноста на Русија, што е една од причините за почетокот на Специјалната воена операција, пишува медиумот.
Свет
(Видео) Најмалку десет повредени кога играчки паднале врз деца: новогодишната забава тргна наопаку во Масачусетс
Камерите го снимија застрашувачкиот момент кога играчките изложени на новогодишна забава паднаа врз деца и повредија најмалку десет лица.
Несреќата се случила во игротеката „In the game“ во Пиводи, Масачусетс, каде била организирана попладневна прослава на новата година, објави Daily mail.
Додека вработените се обидувале да фрлат куп балони обесени над нивните глави врз толпата, прикажаните играчки паднале врз најмалите.
Пластичните блокови паднале од височина од околу четири метри, поради што 10 лица се здобиле со полесни повреди, изјави за „Бостон 25 њуз“ шефот на противпожарната служба на Пибоди, Џон Даулинг.
Осум лица се префрлени во локалните болници, додека двајца одбиле транспорт.
Возраста на жртвите не е позната, но на фотографиите се гледаа деца и родители во публиката. Снимките од локалните медиуми покажаа повеќе амбулантни возила надвор од центарот кои носеа неколку луѓе на носилки надвор од зградата, пренесува медиумот.
„ Се надевам дека ова не е навестување каква ќе биде 2025 година. Сите се добро, но малку крваво“, напиша еден сведок на Фејсбук.