Свет
Саудиската коалиција соборила два дрона лансирани од јеменските Хути кон кралството
Воздушната одбрана на коалицијата предводена од Саудиска Арабија наводно соборила две беспилотни летала кои летале кон Саудиска Арабија, ландирани од јеменските хаутии, пренесува „Сауди прес енјџенси“, повикувајќи се на портпарол на коалицијата.
Коалицијата тврди дека беспилотните летала биле насочени кон цивилни цели во саудискиот град Камис Мушаит.
Изјавата доаѓа истиот ден кога Хутите ја обвинија саудиската коалиција за изведување 30 интензивни воздушни напади во јеменските провинции Мариб, Саада и Хаџа. Претходно, на 30 мај, Хутите пријавија 111 саудиски воздушни напади за два дена.
Очигледниот судир доаѓа откако коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која води војна против Хутитее од 2015 година, најави унилатерален прекин на огнот по повикот на ОН во екот на глобалната пандемија на коронавирус. Ријад најави прекин на огнот на 8 април, но истиот беше прекршен набргу откако Хутите лансираа ракета кон кралството.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија интервенираше во внатрешниот конфликт во Јемен откако Хутите го соборија претседателот Абдуд Рабух Мансур Хади во 2014 година и ја презедоа контролата над главниот град.
Хади и силите лојални на него се повлекоа во градот Аден и оттогаш се обидуваат да ги истиснат Хутите без никаков напредок дури и со поддршка од коалицијата, која се обидува да ја врати контролата на владата на Хади врз целата земја.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија веќе пет години води војна против јеменските Хути, но со мал успех бидејќи групата продолжува да контролира приближно половина од земјата и лансира дронови и ракети со кои ја напаѓа саудиската инфраструктура, вклучувајќи и рафинерии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.