Свет
Се појавија снимки од бомбардирањето на фабрика во близина на Харков и училиште во Миколаев
Секојдневно од Украина пристигнуваат страшни вести откако Русија реши да ја нападне оваа земја на 24 февруари.
Наводните снимки од неодамнешните напади сега се појавија на социјалните мрежи.
#Russian aircraft dropped bombs on the village of #Dergachi near #Kharkiv. The "Papa Carlo" door factory is on fire, and the "Ecurie de Paris" stables are located nearby. pic.twitter.com/UIQjsYXtSp
— NEXTA (@nexta_tv) March 13, 2022
Снимките се однесуваат на бомбардирањето на фабриката кај Харков, како и на гранатирањето на училиштето во Николаев.
Russiaʼs Armed Forces shelled a high school.
?Mykolaiv#StopRussianAggression pic.twitter.com/L2zeQScmQG
— MFA of Ukraine ?? (@MFA_Ukraine) March 13, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.
Свет
Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.
На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.
Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика и малтретирање на пропалестинските протести низ САД.
Свет
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.
Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес.
Земјотресот бил почувствуван во поширока област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита.