Европа
Северна Кореја одговори на критиките на Јужна: „Тоа е малигна клевета“
Северна Кореја одговори на критиките на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол за соработката на Пјонгјанг со Москва по посетата на лидерот Ким Џонг-ун на Русија велејќи дека е „природно“ и „нормално“ соседите да одржуваат блиски односи.
Јун минатата недела пред Генералното собрание на ОН изјави дека помагањето на Русија за Северна Кореја да ја унапреди својата програма за оружје во замена за помош во војната против Украина, ќе претставува директна провокација. Пјонгјанг, преку напис во државната новинска агенција КЦНА го осуди Јун за малигна клевета на пријателската соработка со Русија и рече дека Јун е гласник на САД.
„Сосема е природно и нормално соседните земји да одржуваат блиски односи меѓу себе и нема причина таквата практика да се бара на одговорност“, се вели во извештајот.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се врати во Северна Кореја минатата недела од еднонеделното патување во Русија, каде што се состана со рускиот претседател Владимир Путин и се согласи да ги зајакне воената и економската соработка.
Официјални лица на САД и Јужна Кореја изразија загриженост дека Русија може да се обиде да набави муниција од Северна Кореја за да ги надополни своите намалени резерви за војната во Украина бидејќи Пјонгјанг бара технолошка помош за своите нуклеарни и ракетни програми. Сите активности што ги помагаат програмите за оружје на Северна Кореја се забранети со резолуциите на Советот за безбедност на ОН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Необичен настан над Исланд: авионот на Туркиш ерлајнс се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината
Екипажот на авионот на Туркиш ерлајнс, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно се свртел и се вратил на аеродромот од кој полетал.
Како што може да се види на платформата „Флајт радар“, авионот се свртел во близина на Исланд и се вратил во Истанбул.
Turkish Airlines flight #TK203 made a U-turn north of Iceland and is returning to Istanbul.
The reason is currently unknown. pic.twitter.com/eMpwV2qKRD
— Flightradar24 (@flightradar24) December 25, 2024
Според информациите, екипажот на авионот решил да се врати во Истанбул поради технички проблеми.
Станува збор за авион Ербас А350 со регистарски број TC-LGJ.
Медиумите јавуваат дека нема вонредна ситуација и дека ваквите постапки се вообичаени кога има технички дефект на леталото.
Европа
Руска ракета прелета над воздушен простор на членка на НАТО, вели украински министер
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалните мрежи се огласи за рускиот напад утринава.
Тој ги опиша нападите како божиќен терор и рече дека тоа е одговор на Владимир Путин на оние што зборуваат за илузорен божиќен прекин на огнот мислејќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Исто така, се тврди дека руската ракета поминала низ молдавскиот и романскиот воздушен простор.
„Тоа потсетува дека Русија ѝ се заканува не само на Украина“, додаде тој.
Романија, членка на НАТО, вели дека не ја открила ракетата во својот воздушен простор.
Европа
(Фото) Русите лансираа 12 проектили врз милионскиот град Харков
Градоначалникот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, објави дека Харков утрово се соочил со нов „масовен ракетен напад врз енергетски објекти“.
Игор Терехов вели дека врз градот биле лансирани 12 проектили насочени кон енергетските објекти, како што се котларници и електрани. Поради ова, голем дел од Харков во моментот е без греење.
#Харківщина: російські війська завдали масованих ударів ракетами та дронами, виникли пожежі
Влучання були зафіксовані у кількох районах міста та області. За попередніми даними, постраждали 6 осіб. pic.twitter.com/kxSPx0bCa5
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) December 25, 2024
Тој вели дека во градот досега се повредени најмалку четири лица.
„Сите наши специјализирани комунални услуги ќе работат на поправка и рестартирање на системот за греење. Ќе работиме деноноќно за да го вратиме нормалниот живот во градот што е можно побргу“, вели тој.