Свет
СЗО: „Ремдесивир“ и „хидроксихлорокин“ не се ефикасни во лекувањето на Ковид-19
Светската здравствена организација објави дека лековите „ремдесивир“, „хидроксихлорокин“, „лопинавир/ритонавир“ и производи на интерферон даваат малку или воопшто не даваат резултати во борбата против вирусот Ковид-19.
Студијата за лекови е спроведена во повеќе од 30 земји и се заснова на проучување на ефектите од терапијата врз целокупната смртност, почнување со вентилација и времетраење на престојот во болница кај хоспитализирани пациенти, пренесува TАСС.
Многу земји, вклучувајќи ги САД, Јапонија, Јужна Кореја, Индија, Израел и Велика Британија, ги користат тие лекови за лекување на коронавирусот.
„Ремдесивир“ е првенствено наменет за третман на хепатитис Ц и респираторен синцицијален вирус, а проучен е и неговиот ефект во третманот на ебола, но во тој случај не покажал ефикасност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По шпекулациите за авионската несреќа, се огласи Казахстан: „Ниедна земја нема намера да крие информации“
Претседателот на Сенатот на Казахстан, Маулен Ашимбаев денеска изјави дека ниту една земја чии граѓани загинале во авионската несреќа над казахстанскиот град Актау нема намера да ги сокрие информациите.
„Ниту една од овие земји, ниту Азербејџан, Русија ниту Казахстан, не се заинтересирани да сокријат информации. Сите информации ќе бидат достапни на јавноста“, рече Ашимбаев.
Тој истакна дека причината за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс се уште не е позната, пренесува Ројтерс.
Азербејџански авион, кој летал од Баку за Грозни, се урна во средата наутро во близина на градот Актау во западен Казахстан, при што во несреќата загинале 38 лица.
Според првичните информации, меѓу жртвите се и двајцата пилоти на авионот.
Во авионот имало вкупно пет членови на екипажот и 62 патници, меѓу кои 16 Руси, 37 државјани на Азербејџан, шест од Казахстан и тројца од Киргистан.
Прес-службата на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев соопшти дека авионот го променил курсот поради лошите временски услови, а до несреќата дошло при слетување во Актау.
Алиев нагласи дека постојат различни верзии за тоа што се случило и повика да се чека да се заврши истрагата, а меѓу другото има информации дека авионот удрил во птици.
Откако беше објавена снимката од соборениот авион на која се гледаат дупки од шрапнели, се појавија шпекулации дека авионот можеби бил погоден од противвоздушен оган.
Регион
Делови од Босна и Херцеговина под снег, нема струја: селата блокирани
Делови од Босна и Херцеговина сè уште се отсечени од светот и без струја поради снежните наноси, а голем број патишта во таа земја сè уште се непроодни за целиот сообраќај, известија службите задолжени за итни интервенции.
Најтешка е состојбата во северозападните и северните делови од земјата, а особено се погодени општините Дрвар, Кнежево, Лопар и Угљевиќ.
„Селата се блокирани“, изјави градоначалникот на Кнежево, Горан Боројевиќ, за локалните медиуми предупредувајќи дека верува оти има ранливи жители со кои нема комуникација.
Според податоците на РХМЗ РС, во Кнежево висината на снегот е 110 сантиметри, но мештаните велат дека наносите се многу поголеми и дека достигнуваат висина и од три метри.
„Сè е блокирано. Ситуацијата е тешка. Градот некако го исчистивме, струја немаме, вода засега има. Имаме тројца загинати, колку што знам. Меѓутоа, проблемот е што многу села немаат сигнал, ние воопшто немаме врска со нив и не знаеме што се случува таму и дали има итни случаи“, рече началникот.
Градовите и населбите во областа Шемберија и Мајевица трет ден се без струја откога снегот го оштети далноводот во тоа подрачје и екипите за поправка не може да стигнат до столбовите поради обилниот снег.
Автомото-клубот на Босна и Херцеговина (БИХАМК) соопшти дека поради снег целосно се затворени патиштата од Бихаќ кон Босански Петровац и Кључ, како и од Дрвар кон Босански Петровац и Гламоч.
Забранет е целокупниот сообраќај на возила и на релациите Гламоч – Млиниште и Купес – Ново Село. Прекината е и трасата од Бања Лука до Кнежево, како и од Котор Варош до Теслиќ.
Сообраќајот за камиони е забранет на низа други патни правци, особено на оние што минуваат низ планинските превои.
Слаб снег денеска падна во делови од Босна и Херцеговина, а состојбата се очекува да се подобри од утре кога се прогнозира дека врнежите ќе престанат и времето ќе се разведри.
Селото Пепелари, кое се наоѓа во близина на Зеница, четврти ден е целосно отсечено од остатокот од светот поради обилните снежни врнежи.
„Кликс.ба“ пишува дека висината на снегот надминува еден метар, а засега никој не презел конкретни мерки за пробивање до селото. Жителите се очајни, особено поради фактот што во селото живеат голем број болни и стари лица, на кои итно им е потребна помош.
Утрово, со теренско возило со помош на мештанин била евакуирана постара жена од селото. Сепак, остатокот од речиси 300 жители, меѓу кои има и деца, сè уште е отсечен.
Селото четири дена е без струја, а мештаните велат дека од војната не биле во таква изолација. Од ден на ден расте паниката кај жителите, а патните служби на Град Зеница сè уште не се дојдени да го направат патот прооден.
Екипата за брза помош од Бања Лука четири часа се бореше со снегот за да стигне до детето чиј живот беше во опасност.
Оваа информација на „Фејсбук“ ја објави еден од работниците на итната служба, кој рече дека не се откажуваат, без оглед на невозможните услови. На крајот, успеале да му ја укажат потребната помош.
„Пример за луѓе што покажаа најголем степен на хуманост и дружељубивост се медицинските лица од Бања Лука, кои поминаа четири часа низ снегот за да стигнат до дете што било приклучено на респиратор, а сето тоа кога снемало струја поради лошото време“, изјави вработен во итната помош.
Свет
Гувернерот: На Крим ќе биде прогласена вонредна состојба поради излевање нафта во морето
Руските власти на Крим ќе прогласат вонредна состојба поради излевање мазут во Црното Море откога два танкера потонаа во Керченската Теснина, соопшти денеска гувернерот на Крим, Сергеј Аксенов.
„Вчера, разговаравме со сите наши колеги и со одлука на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, ќе биде воведена вонредна состојба на федерално ниво“, рече Аксенов, пренесува „Интерфакс“.
Во средата вечерта во краснодарската територија беше прогласена вонредна состојба, а министерот за вонредни ситуации пристигна во градот Анапа за да ја надгледува работата за отстранување на последиците од излевањето нафта, пренесува „Танјуг“.
Во средината на декември танкерите „Волгоњефт 212“ и „Волгоњефт 239“ потонаа во Керченската Теснина, а еден член на екипажот загина.