Свет
Хамас: Нема да има договор за заложниците додека не заврши војната во Појасот Газа
Вршителот на должноста шеф на палестинската милитантна група Хамас во Газа, Калил ал Хаја изјави дека нема да има договор со Израел за размена на заложници за палестински затвореници додека не заврши војната во палестинската енклава.
Ал Хаја во интервју за телевизијата Ал Акса рече дека Хамас не сака да ја изгуби предноста од држење заложници додека не заврши конфликтот со Израел.
Тој го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за недостатокот на напредок во преговорите за примирје во Газа со посредство на Катар, Египет и САД, објави Ројтерс.
🚨🇵🇸🇮🇱 HAMAS: NO HOSTAGE SWAP UNTIL GAZA WAR ENDS
Hamas’ acting Gaza chief, Khalil al-Hayya, reiterated that no prisoner swap with Israel would happen unless the war ends, blaming Netanyahu for stalling negotiations.
Hayya:
"There are contacts under way with some countries… pic.twitter.com/SDjzEYTHUJ
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 20, 2024
„Во тек се контакти со некои земји и посредници за заживување на преговорите. Подготвени сме да ги продолжиме овие напори, но поважно е да видиме дали постои вистинска волја од страна на окупаторите да ја запрат агресијата“, рече Ал Хаја.
Тој го предводеше преговарачкиот тим на Хамас во разговорите со посредниците. Нетанјаху во вторникот рече дека Хамас нема да владее со Појасот Газа по завршувањето на војната и дека Израел ги уништил воените сили на групата.
„Ги уништуваме неговите воени способности на многу импресивен начин и продолжуваме кон неговите политички способности“, рече Нетанјаху.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Крим мора да и се врати на Украина преку дипломатски канали
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Крим, полуостров анектиран од Русија во 2014 година, ќе мора да и биде вратен на Украина преку дипломатски канали, а не преку воена сила.
Во интервју за „Фокс њуз“, снимено во Украина додека бил во воз, Зеленски нагласи дека Украина не може да си дозволи да изгуби толку многу животи што би биле потребни за воена опсада на Крим.
„Веќе спомнав дека дипломатски сме подготвени да го вратиме Крим“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина „не може законски да признае кој било окупиран дел од Украина како руски“.
Свет
Снежен фронт над Австрија: Половина метар снег, температурите се спуштија до минус 19 степени
Снег падна во поголеми делови од Австрија. Силниот студен фронт донесе не само дожд и бурни ветрови, туку и многу снег, дури и во пониските предели. Се очекуваат значителни количества свеж снег, особено на Алпите.
Австрија утрото го пречека под студен фронт кој не само што донесе дожд и снег, туку предизвика и бура, пренесува магазинот Феникс.
Во Форарлберг, Северен Тирол и јужна Корушка има до 50 сантиметри снег. Помали количества снег во петок навечер може да падне и во Виена, Долна Австрија и Градишче.
Екстремни температури се очекуваат во високите алпски области, особено во Бруненкогел во Тирол (3.400 метри надморска височина).
Според австриските медиуми, температурите се спуштаат и до -19 степени. Сепак, со брзина на ветер од 80 km/h и -10 степени се чувствуваат како -24 степени. При -18 степени и 40 км/ч се чувствува како -32 степени.
Регион
Сараево осамна под снег: Зимската идила направи колапс, сообраќајот забавен, тротоарите затрупани, гранки насекаде
Сараево утрово осамна под снегот. Снегот кој почна да паѓа во средата попладне во Босна и Херцеговина за кратко време предизвика бројни проблеми на градските улици и автопатишта.
Како што пренесува Кликс, најпрвин силен дожд, а потоа и поголемо количество снег предизвикале лизгави коловози, што довело до поголем број сообраќајни несреќи во Сараево.
Од тежината на влажниот снег има многу скршени гранки и дрвја, а се чини дека на пешаците им е најтешко со оглед на тоа што тротоарите се многу лошо или воопшто не се исчистени низ Сараево.
Зимските служби на КЈКП Рад во текот на ноќта го расчистија главниот пат, но споредните улици се уште се под дебел слој снег, пишува Кликс.