Свет
Шефот на „Мајкрософт“: Треба да внимаваме на странско мешање во претседателските избори во САД
Претседателот на американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“, Бред Смит, предупреди на странските обиди да влијаат на американските претседателски избори во ноември.
„Мислам дека најопасниот момент ќе дојде 48 часа пред изборите“, рече Смит на сослушувањето во американскиот Сенат во средата. „Тоа е лекција што треба да се научи од, да речеме, изборите во Словачка минатата есен“.
Смит рече дека два дена пред парламентарните избори во европската земја, руска група објавила лажна аудиоснимка, која наводно открива заговор за кражба на гласови.
„Руската влада е многу способна, многу софистицирана, не само во технологијата туку и во општествените науки“, рече Смит.
Шефот на „Мајкрософт“ нагласи дека има реални и сериозни закани, вклучително и претстојните претседателски избори во САД, кои ќе се одржат на 5 ноември.
Трката за Белата куќа можеби се води меѓу републиканскиот кандидат Доналд Трамп и демократката Камала Харис, „но ова исто така стануваат избори на Иран против Трамп и Русија против Харис“, рече извршниот директор на „Мајкрософт“.
„Ова се избори, каде што Русија, Иран и Кина се обединети во заеднички интерес за дискредитација на демократијата во очите на нашите гласачи“, предупреди Смит.
Пред само неколку дена американските власти ја разоткрија кампањата спонзорирана од Русија, во која беа регрутирани десничарски инфлуенсери. Сметки маскирани како веб-страници на новински куќи, како што се конзервативниот канал „Фокс њуз“ и весникот „Вашингтон пост“, објавија лажни приказни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Советник на Путин: Мирот е можен само ако Русија добие пет украински региони
Близок советник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека и Украина и Молдавија би можеле да престанат да постојат како независни држави, во интервју за рускиот весник Комсомолскаја Правда објавено вчера.
„Не може да се исклучи дека Украина оваа година ќе престане да постои“, изјави Николај Патрушев, поранешен секретар на Советот за национална безбедност на Русија.
Тој додаде дека Молдавија најверојатно „ќе се приклучи на друга држава или целосно ќе престане да постои“.
Москва ќе прифати мировно решение со Украина само под услов да го задржи анектираниот полуостров Крим, како и украинските региони Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, рече тој.
На прашањето за плановите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да стави крај на војната, Патрушев рече дека претпоставува дека разговорите за Украина меѓу Русија и САД треба да се одржат без учество на други западни земји.
Тој додаде дека нема што да се разговара ниту со Европската унија ниту со Велика Британија.
Тврдокорниот Патрушев (73) е близок соработник и советник на Путин. По 16 години на чело на рускиот Совет за безбедност, тој беше сменет во мај минатата година и назначен за советник на Кремљ за бродоградба.
Европа
Огромен ракетен напад врз Украина, експлозии во милионскиот град
Во тек е масовен руски напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Украина. Прогласена е закана од воздушен напад низ целата земја.
Силни експлозии се слушаат во Харков, вториот по големина украински град со еден милион жители. Како што предупреди украинското воздухопловство, шест групи крстаречки ракети летаат кон регионот на Киев.
Се стравува дека можна цел е киевската хидроцентрала на реката Днепар на северот од земјата.
Регион
Земјотрес во Албанија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 20 часот и 11 минути во Албанија.
Потресот се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.