Свет
Шефот на ОБСЕ предупреди дека претстои пораст во корупцијата поради пандемијата во Европа
Нациите на ОБСЕ погодени од пандемијата ќе страдаат во голема мера од корупцијата во наредните месеци, изјави шефот на ОБСЕ, Томас Гремингер, за австриската новинска агенција АПА во неделата нагласувајќи дека криминалците бргу се приспособуваат на системските слабости предизвикани од кризата предизвикана од Ковид-19.
Зборувајќи за итното финансирање наменето за помош поради економскиот пад предизвикан од здравствената криза, Гремингер посочи дека граничните контроли повторно воведени од март во шенген-зоната од 26 нации, која претходно беше без граници, преоптовариле многу власти кои ги пренасочиле ресурсите.
Гремингер предупредува дека криминалците профитираат од вакви промени, а сегашната состојба се влошува поради многуте националистички инстинкти, соло иницијативи и еднострани изолационистички пристапи.
Бидејќи Европа во голема мера останува под строги мерки на изолација, индивидуално воведени од секоја земја во март, Европол минатиот четврток предупреди дека криминалците ги реорганизирале рутите за шверцување луѓе и изнашле нови начини да ги намамат потенцијалните жртви“, се вели во извештајот на „Дојче веле“.
Шверцерите сега се соочени со засилени гранични проверки и блокада во воздушниот сообраќај, па се префрлија на копнени и морски рути, истакна Европол, наведувајќи ја како пример употребата на мали бродови за преминување меѓудржавни води, криење шверцувани производи во товарни возила и товарни возови итн.
Во однос на наводно незаконски добиените визи и масовната сексуална експлоатација, извршната директорка на Европол, Кетрин де Бол, ја пофали големата предност од споделените информации за таргетирање на овие типови меѓународни организирани кривични дела“.
На почетокот на април „Политико“ детаљно објасни како се разгоре криминалот во Италија и другите европски земји посочувајќи дека предаторските мафијашки синдикати се инфилтрираат во легалните приватни бизниси за да ги искористат слабостите и да изнудат пари. Официјалните лица во тоа време изјавија дека загрижувачкиот тренд веројатно ќе му претходи на севкупен пораст на криминалитетот и по пандемијата и надвор од Италија,
„Не постои земја во ЕУ што е исклучок од овој проблем“, изјави Сабрина Пендиоли, европратеник од Движењето Пет ѕвезди во Италија, за „Политико“.
Европол минатиот месец истакна дека голем број криминални групи во Европа развиваат нови активности за експлоатација на вонредната состојба. Меѓу другото, откриле дека цвета трговијата со фалсификувани медицински комплети, супстандардни маски, ракавици и лекови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) 6.000 затвореници избегале од затворот во Мозамбик за време на протестите во Мапуто
Најмалку 6.000 затвореници избегале од затворот во главниот град Мапуто, при што 33 се убиени, а 15 ранети во судири со стражарите. Меѓу избеганите има и 29 осудени терористи, што ги зголемува загриженоста и напорите на властите за враќање на редот.
На социјалните мрежи се појавија видеа од бегството, а полицијата упати повик за предавање и соработка од јавноста.
Најмалку 6.000 затвореници избегале од Централниот затвор во Мапуто, главниот град на Мозамбик, каде што има ескалација на немирите, соопшти полицијата.
Регион
Тројца членови на семејство, меѓу кои и дете, пронајдени мртви во нивниот дом во Босна
Трoјца луѓе починале синоќа во селото Теочак кај Тузла во Босна и Херцеговина, како последица од труење со јаглерод моноксид. Истражителите се сомневаат дека смртоносниот гас потекнал од генератор на нафта кој семејството го користело за производство на струја.
Според неофицијални информации починале тројца луѓе, сите членови на едно семејство, а меѓу нив е и едно дете. Според информациите, починатите ги пронашол локалниот оџа. Од полицијата велат дека добиле дојава и испратиле екипи на терен, но дека и натаму немаат потврда за оваа информација.
Неофицијално се дознава дека трагедијата се случила синоќа, а починатите биле пронајдени денеска.
Свет
Перу прогласи вонредна состојба по излевањето на нафта на северот на земјата
Владата на Перу денеска прогласи еколошка вонредна состојба во северниот крајбрежен регион, каде што државната нафтена компанија Петроперу минатиот викенд истури пратка сурова нафта во околните води на Тихиот Океан.
Брод кој изведуваше маневри предизвика излевање на нафта во саботата на терминалот на перуанската рафинерија Талара во северниот дел на Перу, објави Ројтерс.
Нема информација колку сурова нафта се излеа во морето, но чуварот на животната средина на Перу, ОЕФА, во прелиминарниот извештај рече дека излевањето погодило околу 10.000 квадратни метри површинска морска вода, а Министерството за животна средина соопшти дека погодило најмалку седум плажи како и локалниот див свет.