Регион
Бугарија ќе со слави 24 Мај како Ден на бугарското образование
Бугарија ќе со слави 24 Мај, но под друго име – како Ден на бугарското образование. Ваква одлука донесе бугарскиот парламент. Со измените на Законот за работните односи во текот на вчерашниот ден, кои добија поддршка од ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, како и од коалицијата „Обединети патриоти“, празникот Ден на бугарското образование, култура и словенско писмо се преименува во Ден на светите браќа Кирил и Методиј за бугарската азбука, образование и култура и за словенската литература, објави БГНЕС.
Георги Гоков од БСП се спротивставил на тоа со образложение дека Законот за работните односи не е место за решавање историски спорови. Овој потег, според него, нема цел да изгради национална самодоверба и патриотизам, туку да го одвлече вниманието на бугарското општество од сегашните проблеми, пренесува offnews.bg.
Милен Михов од „Обединети патриоти“ ја споредил позицијата на БСП со изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, во која тој вели дека словенското писмо дошло во Русија од македонските земји.
На 1 октомври бугарското собрание со 73 гласа „за“, 4 „против“ и 34 „воздржани“ го усвои во прво читање предлогот на коалицијата „Обединети патриоти“ предводена од ВМРО-БНД на вицепремиерот и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, која е дел од владата на Борисов, за преименување на празникот 24 Мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

