Свет
(Видео) Божиќни заложници на Макрон – повеќе од 1.500 камиони заглавени на граница во Велика Британија

Повеќе од 1.500 камиони се паркирани на југот на Англија поради неможноста да ја преминат границата и да влезат во Франција. Владата на британскиот премиер Борис Џонсон се обидува да најде начин да ги отвори границите со Франција и да го деблокира едниот од најважните европски трговски патишта девет дена пред конечното раздвојување на Велика Британија и ЕУ.
Good lord
— Liam Thorp (@LiamThorpECHO) December 22, 2020
Повеќето возачи се Французи, кои се надеваат на договор меѓу Велика Британија и Франција со цел што побрзо да се вратат дома. Британските медиуми ги нарекоа „Божиќни заложници на Макрон“. Возачите се заглавени на југот на Англија повеќе од 48 часа, многумина се замрзнати и немаат храна. Британскиот министер за внатрешни работи, Прити Пател, рече дека на автопатот М20 има околу 650 камиони и дека 873 камиони се паркирани на пистата на блискиот аеродром.
Повеќе од 40 земји привремено ги затворија границите за стоки и патници од Велика Британија, откажувајќи ги летовите од таа земја поради брзото ширење на нов вид коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Расте бројот на загинати во земјотресот во Индонезија

Од час на час се менува бројот на загинати во земјотресот во Индонезија. Досега се потврдени 67 смртни случаи, а се очекува бројот да се зголемува како што ќе пристигнуваат од терен извештаите на спасувачките тимови. Како што се наведува, има и над сто повредени.
Повеќе од 600 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер што го погоди островот Сулавеси. Речиси 15.000 луѓе се евакуирани во привремени засолништа.
Спасувачите се на терен и трагаат по преживеани под урнатините. Разурнати се голем број згради, меѓу кои и болници, а многу делови се без струја.
Властите соопштија дека најпогоден град е Мамуџу. Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри јужно од тој град, на длабочина од речиси 18 километри, покажуваат податоците на американскиот Институт за геофизика.
Свет
Трамп го напушта Вашингтон на денот на инаугурацијата

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го напушти Вашингтон утрото на денот на инаугурацијата на својот наследник Џо Бајден, на 20 јануари, пренесе „Ројтерс“.
Трамп, кој веќе соопшти дека нема да присуствува на инаугурацијата, планира да одржи проштален настан во базата Ендрјуз во близина на Вашингтон, во која е стациониран претседателскиот авион „ер форс уан“.
Според извори на „Ројтерс“, тој потоа ќе отпатува во Палм Бич на Флорида, во својот клуб Мар-а-Лаго.
Свет
Продолжени строгите мерки во Италија

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, издаде указ со кој се продолжуваат рестрикциите за контрола на ширењето на коронавирусот кога Министерството за здравство предупреди дека епидемиолошката состојба се влошува.
Новата наредба го продолжува полицискиот час од 22 до 5 часот наутро до 5 март, а системот на зони останува во сила, со што се делат 20 италијански региони на разни нивоа на инфекција.
Спортските сали и базените ќе останат затворени во цела Италија, а продажбата на храна нема да биде дозволена по 18 часот, пренесува „Гардијан“.
Со указот се продолжува забраната за движење меѓу регионите до 15 февруари, а граѓаните ќе може да патуваат само поради работа, здравје или други итни случаи.
Скијачките центри остануваат затворени до 15 февруари.
Владата најави дека повеќето мерки ќе бидат укинати во региони каде што стапките на инфекции се доволно ниски.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира